Free songs
Home / природен лек / Еве како и со кои билки да се борите со несоница и неквалитетен сон

Еве како и со кои билки да се борите со несоница и неквалитетен сон

Со помош на лековитите билки може да се ослободите од едно од најчестите нарушувања на модерното време. Несоницата е нарушување на спиењето, со што се подразбира отсуство на сон и прерано будење. Може да биде привремена или хронична, а ја предизвикуваат низа физички и ментални фактори. Особено на овој ризик се изложени работниците во ноќна смена, лекарите, родителите на мали деца и тинејџерите. Почесто се јавува кај жените, кај сите лица постари од 60 години и кај оние што боледуваат од некој облик на депресија. Повеќето луѓе имаат бессони ноќи, кои предизвикуваат лоша концентрација, мрзливост, замор, подочници и лош изглед.

Woman asleep in bedИстражувањата укажуваат на тоа дека несоницата ја намалува можноста за донесување разумни одлуки, н` прави подложни на стрес, го зголемува крвниот притисок, а како нејзина последица може да се јави дебелина бидејќи хормоните што играат главна улога во контролата на апетитот се ослободуваат токму во периодот на спиењето.

Ако потрае несоницата, чија причина не е утврдена, треба да се посети лекар и да се направат лабораториски анализи, а ако не трае подолго од неколку дена, тогаш тоа не е загрижувачка појава.
ПОМОШ ОД ПРИРОДАТА

Пред да посегнете по таблетите за спиење, треба да се обидете со чаеви. Прочитајте неколку рецепти за чаеви.

* ВАЛЕРИЈАНА
Голема лажица мешавина на билки (40 гр хмељ, 15 гр нане и 15 гр кантарион) прелијте со 250 мл врела вода, поклопете ја и по 2 часа процедете. Се пие една шолја чај пред спиење.

* МАЈЧИНА ДУШИЦА
Голема лажица мајчина душица прелијте ја со 3-4 дл провриена вода, оставете ја поклопена 15 минути, процедете и додадете голема лажица мед и сок од половина лимон. Се пие во мали голтки во текот на целиот ден.

* РАСТИТЕЛНА МЕШАВИНА
Помешајте иситнети еднакви количества цветни врвови од лаванда, кантарион, нане и матичина. Пијте една шолја чај пред спиење. Во случај на несоница, пред спиење секоја вечер пијте по шолја топол чај засладен со мед.

* АЈДУЧКА ТРЕВА
Пет грама ајдучка трева се прелеваат со 2,5 дл врела вода. Се пие по шолја чај половина час пред спиење.

* МАК
Две лажици измелени семки од афион прелијте ги со 1 дл млеко и оставете да стои 10-15 минути. Потоа измешајте со 1-2 лажици мед и пијте 2-3 пати неделно.

СОВЕТ ПЛУС

* Вежбање во утринските часови
Ако сте уморни, сигурно побрзо ќе заспиете, но доцните тренинзи и вежбањето само три часа пред спиење целосно ќе ве разбудат.

* Магнезиумот заспива
Магнезиумот е природен седатив и е одговорен за релаксација на мускулите така што неговиот недостиг во организмот може да предизвика несоница. Освен тоа, важен е и во борбата против стресот, па во вечерата задолжително треба да вклучите продукти богати со овој минерал – зелен листест зеленчук, зоб, сончогледови семки, соја, шкампи и суво овошје.

* Намалете го внесувањето кофеин
Високото ниво на кофеин може значајно да влијае врз сонот и да предизвика несоница и вознемиреност. Освен кафе, чај и безалкохолни газирани напивки, не земајте кофеин во некој друг облик – на пример, во лековите против кашлица и настинка или во чоколадото.

* Шолја топло млеко
Пред спиење добро е да испиете шолја топло млеко и да читате литература што ве опушта. Ако ни тогаш не можете да потонете во сон, станете и занимавајте се со некоја интересна активност. Не треба да се враќате во кревет с` додека не почувствувате поспаност.

* Создадете навика
Многу е важно да се навикнете да заспивате и да станувате секогаш во исто време, дури и во викендите. Петнаесетминутната дремка во текот на денот многу ќе ви помогне, но не треба да спиете подолго од тоа бидејќи во спротивно ќе се чувствувате уште поуморни.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top