Home / природен лек / Еве како да ги отстраните белите дамки од грбот

Еве како да ги отстраните белите дамки од грбот

Tinea versicolor е габична инфекција која најчесто се јавува во текот на летото, се манифестира со бели дамки на вратот и грбот.

Која е причината за тоа?

suncanje grb sonce plazaПад на имунитетот
Зголемено потење
Сончање
Престојување на топло и влажно место
Масна кожа

Зошто се појавува?

На површината на кожата се собираат многу бактерии, а топлата кожа во комбинација со пот е совршено место за развој на габи.

Габите се манифестираат во облик на бели кружни дамки, односно депигментација на кожата која може да започне од мали дамки на вратот па преку летото да се прошири и кон цел грб.

Природни средства против Tinea versicolor

1. Јогурт

Јогуртот е преполн со добри бактерии кои му помагаат на телото да се бори против опасните микроорганизми меѓу кои е и Tinea versicolor. Обичниот јогурт или пробиотик нанесете на местото, оставете да се исуши и измијте ја кожата. Постапката повторувајте ја неколку пати дневно.

2. Јаболков оцет

Оцетот може да се користи низ цел дом, но делува и против габична инфекција. Јаболковиот очет има природна антифунгицидни својства поради кој е борец против Tinea versicolor. Измешајте иста количина на вода и јаболков оцет и во неа натопете памук. Со памук „тапкајте“ кожата и оставете го да се исуши. Постапката повторувајте ја секогаш кога сте во можност.

Кромид

Еден од најмоќните намирници секако е белиот кромид, неговата моќ може да се примени и на површината на вашата кожа. Белиот кромид е природен антибиотик и ефикасно средство против габични инфекции, а единствена мана му е непријатниот мирис. Пресечете го на половина и поминете ја кожата што е зафатена. Нормално е сокот од кромидот малку да ве пецка. Оставете да делува 20 минути.

Куркума

Куркумата е чудотворен зачин кој освен богатиот вкус има неверојатно моќно дејство. Освен што е добар за користење како додаток во исхраната, може да се користи и како маска за габи. Прав од куркумата помешајте ја со неколку капки вода и пастата нанесете ја на кожата. Оставете да стои 30 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top