Free songs
Home / нови лекови / Двојно намалена смртноста од трите најчести видови на рак

Двојно намалена смртноста од трите најчести видови на рак

Напредокот во хирургијата, медицинскиот третман како и зголемување на превентивните прегледи во дијагнозата на карцином ја  намали смртноста на трите најчести видови на рак за 44 отсто од 1990 година.

slika-rakОвие резултати се дел од истражувањето на  британскиот центар за истражување Мекмилан . Според него, до крајот на оваа деценија, 64 отсто од жените ќе преживеат рак на дојк , истиот процент на мажи ракот на простата и 61 отсто од луѓето дијагностицирани со рак на дебелото црево.

Сепак, научниците се загрижени дека стапката на втората најчеста форма на малигнитет во светот – рак на белите дробови , не се намалува . Податоците покажуваат дека само еден од четири пациенти со болеста живеат подолго од пет години.
Активисти за зголемување на свесноста за малигните болести укажуваат на тоа дека општите лекари треба да бидат подобро едуцирани за да можат навреме да ги воочат симптомите на рак кај нивните пациенти.

– Луѓето со три од четирите најчестите видови рак денес живеат подолго, што е знак дека одиме во вистинската насока во третманот на ракот а новите лекови драстично ги зголемуваат шансите за опстанок. Ракот е втора водечка причина за смртност по кардиоваскуларните болести, велат од Центарот Мекмилан .

Zdravstvo24

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top