Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / природен лек / Домашна крема против брчки: Видливи резултати за само 7 дена

Домашна крема против брчки: Видливи резултати за само 7 дена

Секогаш е подобро сами да си направите козметички производ од природни состојки кои навистина ќе ја нахранат вашата кожа.

Еден таков препарат е и оваа крема против бори.

hitportal-krema-3Потребни состојки:

– 1 жолчка од јајце

– 2 лажици бадемово масло

– половина лажичка природен мед

– 2 лажички вазелин

Подготовка:

krema brckiВазелинот стопете го на пареа, а откако ќе премине во течна состојба тргнете го од оган и додадете му ги претходно изматениот мед, жолчка и бадемово масло.

Состојките темелно измешајте ги и кога смесата ќе се соедини, ставете ја во кутија за крема.

Бидејќи состојките се природни, кремата треба да ја чувате во фрижидер.

Употреба:

Нанесете ја кремата во тенок слој два часа пред спиење, на претходно измиено и исчистено лице.

Производот е богат, па не е потребно да се нанесува голема количина, а ако претерате со нанесувањето на кремата отстранете ја со тампон.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top