Free songs
Home / природен лек / Домашен vs. Кинески: Кој лук е подобар?

Домашен vs. Кинески: Кој лук е подобар?

Некои статистики покажуваат дека отприлика 60 отсто од нашите ресторани во својата кујна го користат кинескиот лук, а тој е и генерално позастапен во нашите продавници, но и на пазарите.

luk16Главната причина поради која што се купува кинескиот лук е генерално самата цена, но и достапноста, иако разликата може да се забележи и со “голо око”, да се вкуси и намириса.

Моќта на лукот е позната ширум светот веќе илјадници години. Го одгледувале уште старите Римјани и Грци, првично поради неговиот ароматичен вкус, но и поради лековитите својства.

Во народната медицина, лукот е познат уште и како природен антибиотик бидејќи неговиот единствен состав има поволно делување врз вирусните и бактериските инфекции, артритисот, болестите на дишните патишта, кардиоваскуларните болести, проблемите со варењето, но и хроничниот замор.

Истражувањата пак покажаа дека со редовно консумирање на лукот се регулира крвниот притисок, холестеролот и количеството на шеќер во крвта, а некои студии дури потврдуваат и дека може да служи како одлична превенција против многу видови на канцер.

Домашниот лук според вкусот и мирисот апсолутно отскокнува од оној кинескиот, а ако тоа сепак не е доволно за вас, побарајте ги домашните производители, а тие ќе ви ги потврдат и следните причини:

1. Локалното е дефинитивно поздравоНутриционистите советуваат дека би требало да консумираме намирници кои што се во сезона, па токму затоа би требало да ги набавуваме кај локалните производители, бидејќи на тој начин прехраната и телото ги прилагодуваме кон поднебјето во кое што живееме. Таквата храна има и многу повеќе хранливи вредности.

2. Подолг рок на траење

Кинескиот лук има поповолна цена од оној домашниот, но затоа пак нуди и помал рок на траење од лукот одгледан на овие простори.

3. Домашното е сепак поквалитетно, а доставата е побрза

Храната која што се увезува од далечните места, е прилагодена за долготраен транспорт, но е и подложна кон оштетување при превозот. Домашните производители не се соочуваат со такви проблеми до таа мера, а производот можат да го испорачаат буквално и за неколку часа, понекогаш дури и до самата врата на купувачот.

tocka.com.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top