Free songs
Home / нови лекови / Домашен тест кој ракот во рана фаза го открива за 10 минути!

Домашен тест кој ракот во рана фаза го открива за 10 минути!

Професорот по онкологија на Универзитетот Калифорнија Дејвид Вонг вели дека е можно да се детектира ДНК на туморот која циркулира во телесните течности. Таа постапка е позната под името „биопсија на течности“.

labaratorijaТестот на плунка е 100 отсто сигурен и толку едноставен така што може да се направи во која било аптека или дури во приватноста на сопствениот дом.

Моментално научниците користат тест на крвта за да откријат рак и тоа сако доколку веќе направиле биопсија и го секвенционирале туморот па точно знаат кој генетски потпис го бараат. Иако на овој начин може да се набљудува ширењето на ракот, не може да се направи почетен тест. Исто така, се случува резултатите да испаднат лажно позитивни.

Професор Вонг вели дека само една капка плунка содржи доволно податоци дека е можна сигурна дијагноза штом туморот ќе се развие. Тестот е неинванзивен и евтин.

Тестот ќе почне да се применува на заболените од рак на белите дробови подоцна оваа година, а одобрението на американската Управа за храна и лекови се очекува во рок од две години.

Професор Вонг се надева дека тестот ќе биде достапен во Англија до крајот на деценијата и верува дека на тој начин ќе може да се дијагностицираат и други облици на карцином како рак на устата.

– Ако во крвта или во плунката е присутен траг на тумор, овој тест ќе го пронајде. Раното откривање на болеста е клучно за лекувањето. Овој тест можат да го направат и самите пациенти дома или во аптека – вели проф. Вонг.

Тестот, всушност, бара генетски мутации во крвната плазма кои укажуваат на тумор. Научниците се надеваат дека набрзо на овој начин ќе може да се детектираат различни видови рак.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top