Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / Болести и лечење / Дали боледувате од орторексија, болест чие лекување е комплицирано

Дали боледувате од орторексија, болест чие лекување е комплицирано

Орторексија е болест која се појавува кај луѓе кои претерано се посветуваат на здравата исхрана. Всушност, овие луѓе имаат страв да јадат намирници кои им штетат на нивното здравје.

Сè повеќе млади луѓе страдаат од ова пореметување бидејќи не се доволно информирани за здравиот начин на исхрана. Најчесто започнува со обидот да се јаде квалитетна храна, потоа станува опсесија на пример кога пред конзумирањето на храната се проверува составот или дали има некои непосакувани состојки.

Орторексичарите воглавно се загрижени околу нивната тежина, па од големата посветеност за избор на исклучиво здрава храна, се случува несвесно да губат килограми. Лекувањето на оваа болест е доста комплицирано бидејќи луѓето не прифаќаат лекови како антидепресиви бидејќи ги сметат за штетни.

Еден од начините е да почнат да јадат намирници кои ќе им ги препорача нутриционист. Да се храните здраво е навистина важно, но исто така е доста важно добро да се информирате. Некогаш е добро и да си дозволите да јадете нешто што можеби не е “според прописите”.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top