Home / аларм / Чипсот содржи и канцерогени состојки

Чипсот содржи и канцерогени состојки

Спротивно на широко признатото мислење, секој чипс не е направен од компири. Така, на пример, некои видови чипс се всушност мешавина од пченица, ориз, пченка и компиров скроб.

Како што објаснува доктор Џозеф Меркола, професор на Универзитетот во Илиноис, смесата од наведените состојки се меси, потоа се сечат парчиња што се обликуваат во форма на чипс, се пржат во зејтин, се сушат и на крај се попрскуваат со различни вкусови во прав.

cips-1-300x199Доктор Меркола предупредува дека постапката на пржење на чипсот на висока температура всушност создава штетен канцероген нуспродукт кој се вика акриламид.

Акриламидот е штетен и потенцијално токсичен спој кој настанува кога храната богата со јаглехидрати се пржи на висока температура, над 100 степени. По пржењето, површината на храната добива жолта или смеѓа боја, а токму тоа е знак дека се формирале акриламиди, пишува drmercola.com.

Чипсот содржи големи количини маснотии и калории што може да го зголемат ризикот од дебелеење. Околу 30 грама чипс, што е отприлика е 15 до 20 парчиња чипс, содржат околу 10 грама масти и 154 калории.

Студија од 2011 година објавена во магазинот „The New England Journal of Medicine” откри дека секојдневното конзумирање на 30 грама чипс доведува до просечно зголемување на телесната тежина од еден килограм во текот на четири години.

Врската меѓу дебелеењето и чипсот е посилна отколку врската меѓу дебелеењето и било кој друг прехранбен производ. Освен тоа, прекумерната тежина се поврзува со зголемен ризик од дијабетес, срцеви болести и некои видови карцином, пишува healthyeating.sfgate.com.

Натриумот во чипсот може негативно да влијае на кардиоваскуларниот систем што може да предизвика зголемување на крвниот притисок, мозочен удар, коронарни срцеви болести и болести на бубрезите. 30 грама чипс содржи меѓу 120 и 180 милиграми натриум. Една вреќичка чипс има повеќе од 30 грама, така што многумина кога јадат чипс внесуваат повеќе натриум отколку што се свесни. Според едно истражување од 2010 година, дневниот внес на сол треба да се ограничи на 2.3000 милиграми, а оние над 50 годишна возраст и кои имаат проблеми со бубрезите, крвниот притисок или дијабет дневниот внес на сол треба да го ограничат на 1.500 милиграми.

Честата конзумација на чипс може да доведе и до холестерол, поради количината и видовите на масти што ги содржи.

Здрава варијанта на чипсот се пуканките и чипс од зеленчук или јаболки кои имаат помалку маснотии и натриум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top