Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / природен лек / Чичок – чудесен лек за чир, гихт, желудник…

Чичок – чудесен лек за чир, гихт, желудник…

Чичокот (Arctium lappa) е двогодишна билка која има долг и сивокафеавкаст, вретенест корен. Во првата година се појавуваат големи приземни листови со дршки и неправилен срцевиден облик.

cicok43Во втората година пораснува исправена и разгранета билка со висина од 1 до 1,5 метар. Листовите се помали како се оди кон врвот на стеблото. Цветаат со главици со виолетово цевчести, густо збиени цветчиња, со боцки со кои лесно се закачуваат на облеката.

Растат покрај патишта, на ливади и необработено земјиште.

Лековит дел од билката: За лек се употребува корен, листови и семе. Двогодишниот корен се собира во пролет и есен, листовите додека сеуште се млади, а семето кога ќе биде созреано.

ЛЕКОВИТО ДЕЛУВАЊЕ:

Коренот од чичок делува противотровно, ја чисти крвта и поттикнува потење и излачување на урината. Се користи за лекување на венерични болести, сите видови чиреви, скрофула, гихт, застарени ревматски болести, водени болести и труење со жива.

Чај од млади листови од чичок се користи при лекување катар на желудник и подуеност, а претставува и добро средство против разни осипи, чиреви, гнојни рани и ранички во устата.

Семето од чичок се користи за правење на чичково масло кое е многу ефикасно во борбата против првутот и ќелавеењето.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top