Free songs
Home / Болести и лечење / Честите главоболки се аларм за излив

Честите главоболки се аларм за излив

Kако што симптомите за срцев удар може да се разликуваат кај мажите и кај жените, исто така се разликуваат и ризиците за добивање мозочен удар.

Американското здружение за срцево здравје го објави првиот прирачник за спречување мозочни удари кај жените. Прирачникот се фокусира на контрацептивните пилули, бременоста, депресијата и други фактори на ризик со кои се соочуваат исклучиво жените или почесто од мажите.

glavobolka-300x199Советите се однесуваат на пациенти како Денис Милер, која лани преживеала мозочен удар што поминал незабележан кај двајца доктори во болници во северозападно Охајо, пред конечно да $ биде дијагностициран во клиниката во Кливленд. Милер имала 36 години и ниту еден од вообичаените фактори на ризик.
“Ништо не укажуваше дека ќе добијам мозочен удар”, освен честите мигрени со вртоглавици и поматување на сетилата како отрпнатост, ѕунење во ушите и осетливост на светлина, вели таа. Овие главоболки се многу почести кај жените и во новиот прирачник се обележани како причина за загриженост. Милер закрепнала, но уште чувствува отрпнатост и проблеми со видот.

Секоја година речиси 800.000 Американци имаат нов или повторен мозочен удар, што се случува кога крвен сад во мозокот е блокиран од згрутчување или поради прскање на крвен сад. Мозочните удари со третата најчеста причина за смртност кај жените и петта кај мажите. Најважно за да се преживее мозочен удар и да се ограничи веројатноста од парализа е веднаш да се повика помош и да се препознаат симптомите како отежнат говор, слабост или отрпнатост во едната рака, како и омлитавување на едниот дел на лицето. Ризикот од мозочен удар се зголемува со староста, а жените обично живеат подолго од мажите. Поголема е веројатноста жената да живее сама кога ќе добие мозочен удар, па побавно заздравуваат и им треба професионална помош по ударот.

mozocen-udar-300x200Некои фактори на ризик се повообичаени кај жените: мигрена со вртоглавица, прекумерна тежина, нерамномерно срцебиење познато како атриална фибрилација и метаболичен синдром – што е комбинација од проблеми како висок крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта. Општите совети за спречување мозочен удар моментално се фокусираат на контрола на крвниот притисок и дијабетесот, откажување од цигарите, повеќе физичка активност и здрава исхрана. Во новиот прирачник се додадени совети специјално за жените, вели докторка Шерил Бушнел, шеф на одделот за мозочни удари при медицинскиот центар “Вејк Форест баптист медикал центер” во Винстон-Сејлем, Северна Каролина. Таа ја водеше експертската група што го состави прирачникот објавен во журналот “Строук” на Американското здружение за срцево здравје.

Апчиња за контрацепција

Жените треба да си го проверат крвниот притисок пред да почнат да користат орални контрацептивни средства бидејќи оваа комбинација го зголемува ризикот од мозочен удар. Ризикот е мал, но драстично се зголемува кај жените на возраст од 45 до 49 години. Повеќе од 10 милиони жени во Америка користат контрацептивни пилули.

Бременост

mozok-225x300Мозочните удари се ретки за време на бременост, но ризикот сепак е висок, особено во последните три месеци и веднаш по породувањето. Најмногу загрижува појавата на прееклампсија, односно опасно висок крвен притисок кај трудницата што може да предизвика мозочен удар и други проблеми. Двојно го зголемува ризикот од мозочен удар понатаму во животот и го зголемува ризикот од висок крвен притисок за четири пати по бременоста, вели Бушнел.
Жените кои имале висок притисок пред бременоста, треба да земаат мала доза аспирин (околу 81 милиграм) по првите три месеци од бременоста и калциум во форма на додаток во исхраната во секое време, за да се намали ризикот од прееклампсија, стои во прирачникот. Бремените жени со висок крвен притисок (повеќе од 160 со 110) треба да примаат терапија, а лекарствата може да бидат опција и за жените со умерено висок притисок (150 до 159 со 100 до 109). Некои лекови за висок кревен притисок не се безбедни за користење во текот на бременоста, се нагласува во прирачникот.

Аспирин

Обично се препорачува на луѓе кои веќе преживеале еден мозочен удар освен во случаи кога причината за ударот било крварење, а не згрутчување, или ако постои ризик за крварење, вели Бушнел. Аспиринот обично се препорачува на луѓе со дијабетес за да се намали ризикот од мозочен удар и други проблеми.
Мала доза аспирин може да биде корисна за намалување на ризикот од мозочен удар кај жените од 65 години па нагоре, освен ако не постои поголем ризик од крварење или други ризици, стои во прирачникот.

Мигрени

glavobolkaЖените имаат четири пати поголема веројатност да имаат мигрени во споредба со мажите и честопати се случуваат истовремено со хормоналните промени. Мигрените сами по себе не претставуваат ризик од мозочен удар, но оние што се пропратени со вртоглавица, да. Користењето орална контрацепција и пушењето го зголемува ризикот уште повеќе, па во прирачникот се советува да се прекине со пушење.

Нерамномерно срцебиење

Жените на возраст над 75 години треба да се проверат дали имаат атриална фибрилација. Докторот ќе провери со мерење на пулсот и наслушување на срцето.

Менопауза

Не треба да се користи хормонска терапија за спречување мозочни удари. Во новиот прирачник ги изложуваат на дискусија женските проблеми за да се поттикнат повеќе доктори да разговараат на оваа тема, вели доктор Шазам Хусеин, шеф на одделението за мозочен удар при клиниката “Кливленд”.
“Има разлика дали сте маж или жена кога станува збор за мозочен удар. Лекарската заедница долго време го занемаруваше тоа.”

Vest

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top