Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / природен лек / БОЛКИ ВО НОЗЕТЕ – отоци, исчашувања, болни зглобови

БОЛКИ ВО НОЗЕТЕ – отоци, исчашувања, болни зглобови

Смрадликата е богата со тен материи, етерични масла и други вредни предмети. Има крвоспирачко, антиинфламаторно и антисептично дејство. Растението е често користено во народната медицина.

smradlikaНајчесто се применува надворешно. Особено голем ефект има кај кожни заболувања, габични пупки и рани, при оток на нозете (од мраз) и потење, при хемороиди, циреи, афти во усната шуплина, воспаление на непцата, забоболка и др.

За надворешна употреба се прави запарка од 100 гр ситно сецкани листови од смрадлика во еден литар врела вода

Се чека да се излади и се прецедува. Кога е потребно да се прави гаргара и жабурење запарката се подготвува со една лажица смрадлика во половина литар зовриена вода. Додадете малку сол и малку нишадор и откако се излади може да започнете со постапките.

Сол против болки во стапалата и нокти враснати во месото

fi-prosirene-vene-grcevi-u-nogama-simptomi-02-300x180Научниците од Стенфорд тврдат дека решението против ноктите во месо е прилично едноставно – редовно потопувајте го стапалото во солена топла вода. Болната инфекција може да исчезне за само 4 дена. Солта ги ублажува воспаленијата и има анти-бактериски својства, што ја прави ефикасна против бактериите кои предизвикуваат отоци и болка.

Односот на растворот треба да е една лажичка сол на една чаша вода, а температурата може да биде и собна – само да не е оладена; тоа би предизвикало само дополнителни незгоди. Потопувајте го стапалото 20 минути, 2 пати дневно, се додека инфекцијата е активна.

ПРОБЛЕМИ СО ЗГЛОБОВИ

Болниот зглоб се масира со

– Масло од врес: 100 гр. сечкани млади врвови во цвет се оставаат да отстојат 8 дена во половина литар маслиново масло. Секојдневно се меша, а потоа се цеди.

nemirne_noge_241013Облоги, купки и компреси

– На зглоб се става многу густа каша од листови на голем трн, кои се варат во вода, или листови од зелка, свежи резанки кромид и загреана ливадска или градинарска мајчина душичка.

– Облога од црн сенф во прав или рен.

– Заболена рака или нога се става во перниче наполнето со свежи листови од бреза.

ИСЧАШУВАЊЕ

– Кај исчашување на зглоб: Лажиче арника се прелева со 2, 5 дцл топла вода и се остава да отстои најмалку половина час, а потоа од таа смеса се прави облога за исчашениот зглоб.

– Исчашеното место нежно се трие со масло од кантарион, кое што се прави на следниот начин: 200 гр. мали врвови во цвет три часа се варат во маслиново масло, а потоа се лади и се процедува. Се чува во добро затворено шише на темно место.

– Кашеста облога од рендан свеж корен од коњско опавче: се посипува со маслиново масло.

– На исчашен зглоб се става компрес натопен во тинктура од рузмарин и жалфија: по 50 гр. од исушените растенија се оставаат да отстојат две недели во половина литар алкохол.

– Се гмечат свежи листови од маргаритка или подбел и компресите се натопуваат со нивниот сок.

grc nogaВоспалени зглобови

– Се прави мешавина од три лажички листови од бреза, малку тегавец, цветови од арника и листови од жалфија. Десет грама од мешавината се прелева со 2 дцл жешка вода, се остава да отстои половина час, а потоа се процедува и се пие.

– 30 грама корен од артичока се потопува во 1 литар вода. Се загрева водата до точка на вриење, а потоа се вари на истата температура 1 час. Напитокот во оваа количина е доволен за 2 недели. Се пие по неколку лажици пред јадење, 2- 3 пати дневно. Напитокот е одлично средство против воспаление на зглобовите.

УБЛАЖУВАЊЕ НА БОЛКИТЕ ВО НОЗЕТЕ

oticanje-i-voda-u-nogamaПрво кренете ги ноѕете под агол од 45 степени и олабавете се неколку минути. Потоа 15-тина минути држете ги во леген со топла вода во која сте додале 1-2 лажици морска сол. Потоа исплакнете ги со топла вода и подгответе купка за нозе со топла вода во која сте ставиле 6 капки масло од еукалиптус, 6 капки масло од рози и 1 лажица сок од лук. Во легенот држете ги нозете 5 минути и потоа исплакнете ги со студена вода. Болните нозе ќе бидат само далечно минато!

лек од лук и масло за болки во зглобовите

За подготовка  излупете 300-400 грама лук и сомелте го (во блендер или ситно изрендајте го). Смесата ставете ја во тегла и додадте сончогледово масло. Оставете да отстои две недели на темно место поврмено мешајќи. Потоа смесата исцедете ја неколку пати.

Начин на употреба : мачкајте на болното место додека маслото почне да упива во кожата. Звиткајте се со топол шал и останете така цела ноќ. Следното утро истуширајте се со топла вода. Уште по првата процедура ќе почувстувате олеснување. Лекувањето продолжува 2 месеци.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top