Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / Болести и лечење / Болест без болки тешко се препознава

Болест без болки тешко се препознава

Под замастен црн дроб се подразбира дифузното таложење неутрални масти (триглицерди) во клетките на црниот дроб поради што тој обично е од лесно до умерено зголемен. Второ име за ова е стеатоза на црниот дроб.

jetra crn drobЗамастен црн дроб настанува кога наталожените мести ќе ги надминат нормалните 5 отсто од масата на овој орган. Може да биде привремена или долготрајна состојба, која сама по себе не е штетна, но упатува на некое друго нарушување во организмот. Доколку не се лекува, може да придонесе да настанат други болести. Ако се најде и отстрани причината, оздравувањето е можно.

Црниот дроб е одговорен за преработката на мастите од храната во облици што може да се складираат и да се користат во организмот. Триглицеридите се еден од облиците на масти складирани во организмот кои се користат за добивање енергија. Разградувањето на мастите во црниот дроб може да се наруши поради повеќе причини, што доведува до таложење на мастите во клетките на црниот дроб. Замастениот дроб не е болна состојба поради што долго време може да остане незабележано. Во тешките случаи црниот дроб може да се зголеми и трипати и тогаш станува пречувствителен и боли.

Неалкохолниот замастен црн дроб е состојба кога таложењето на мастите не е предизвикано од алкохол, а с` почесто се дијагностицира кај многу дебелите жени или кај дијабетичарките.

АЛКОЛОЛИЗМОТ – НАЈЧЕСТА ПРИЧИНА

creva-teloАлкохолизмот е најчеста причина за замастен црн дроб. Претерана консумација на алкохол го менува начинот на разградување и чување на мастите, а дополнителна причина е и хроничната потхранетост, која е честа кај алкохоличарите.

Други можни причини за заместен црн дроб се:
– дебелината;
– шеќерната болест;
– хемикалии (на пример, јаглерод тетрахлорид);
– предозирање со лекови (кортикостероиди, тетрациклини, валпроична киселина, метотрексат, жолт фосфор);
– потхранетост;
– исхрана без доволно протеини;
– бременост;
– труење со витамин А;
– бајпас-хируршки зафат на тенкото црево;
– цистична фиброза;
– вродено нарушување на метаболизмот на гликоген, галактоза, тирозин и хомоцистин;
– дефицит на ензимот холестерол естераза и арилдеходрогеназа на средниот синџир;
– Рефсумова болест;
– абеталипопротеинемија;
– Рејев синдром.

Замастениот црн дроб според микроскопската слика на клетките може да се подели на макровезикуларен (големи капки масти) и микровезикуларен (мали масни капки). Макровезикуларниот црн дроб е најчест облик и е предизвикан од алкохолизам, дијабетес, прекумерна дебелина, од терапија со кортикостероиди, долготрајна инфузиска исхрана.

ОТОК НА СТОМАКОТ
Симптомите на замастениот црн дроб се поврзани со степенот, времето кога настанала и со причината на болеста. Замастениот црн дроб најчесто не е поврзан со никакви симптоми, особено ако се работи за хронична состојба.

stomakАко има симптоми, тие се: болки или чувствителност под десниот ребрен лак, оток на стомакот, жолтица и зголемена телесна температура. Симптомите што помалку се јавуваат кај алкохолниот замастен црн дроб, а почесто ако состојбата е предизвикана од бременост се следните: повраќање, мачнина, губење на апетитот и болки во стомакот.

Нагло, акутно настанато замастување на црниот дроб поради дебелина може да доведе до болна чувствителност на дробот поради растегнување на неговата капсула.

Макроовезикуларниот замастен црн дроб најчесто се открива во текот на прегледот како неосетлив, мазен, во целост зголемен црн дроб кај алкохоличарите, прекумерно дебелите и дијабетичарите. Може да се јави болка во горниот десен квадрант на стомакот, преосетливост и жолтица или може да биде само абнормалност откриена попатно при некој преглед на стомакот или во текот на обдукција. Слаба е поврзаноста на замастениот црн дроб и често користените биохемиски тестови за болестите на овој орган. Алкалната фосфатаза и трансаниназите може да бидат благо зголемени.

Микроовезикуларниот замастен црн дроб има изразен настап придружен со умот, повраќања и мачнина, на кои набрзо се надоврзуваат жолтица, хипогликемија и десеминирана интраваскуларна коагулопатија (настанок на тромби во циркулацијата).

ЗГОЛЕМЕН ЦРН ДРОБ
При рутински или наменски преглед лекарот може да забележи зголемен, а понекогаш и чувствителен црн дроб. Наодите на тврд, безболен и во целост зголемен црн дроб со минимални нарушувања на неговата функција укажуваат на оваа болест. Ако пациентот е хроничен алкохоличар, предебел, потхранет, трудница или има шеќерна болест, дијагнозата е уште поверојатна. Крвните лабораториски тестови служат за одредување на квалитетот на функцијата на црниот дроб. Абнормалност се зголемени нивоа на SGOT i SGPT, a во многу случаи и повисока и алкална фосфатаза.

zp-jetra 1Со сликовните дијагностички тестови (ултразвук, магнетна резонанција, компјутерска томографија) може да се прикажат типичните промени на црниот дроб. Кога дијагнозата не е сигурна, може да се направи перкутана биопсија на црниот дроб. Со таквото испитување единствено сигурно може да се дијагностицира замастен црн дроб, а се прави на тој начин што со многу тенка игла преку кожата се зема мало парче ткиво од црниот дроб и потоа се анализира микроскопски. Со тоа се докажува зголемената количина масти, а понекогаш и основната болест.

Кај бремените со замастен црн дроб обично постојат и други нарушувања, еклампсија или прееклампсија. Овие состојби се манифестираат со зголемен крвен притисок, отоци и со грчеви.

ПРАВИЛНА ИСХРАНА
До оздравување се доаѓа со лекување на состојбата што предизвикала замастување на црниот дроб. Правилната исхрана, апстиненцијата од алкохол, штетните лекови или хемикалии, лекување на постојните метаболистички нарушувања, редовна контролата на дијабетесот, намалувањето на телесната тежина, лекувањето на нарушеното варење, надоместот на витамини и минерали … обично доведуваат до закрепнување.

Кај алкохолниот замастен дроб постепеното намалување на мастите настапува по 5-8 недели, во кои се практикува соодветна исхрана и се апстинира од алкохолот.

Кај бремените со масен црн дроб се препорачува и провоцирано породување ако бременоста е доволно висока.

Неалкохолниот има добра прогноза

Замастениот црн дроб е состојба што може да се излекува ако се препознае и навреме се даде лекарски совет и помош. Кај некои пациенти постои склоност да развијат и други заболувања на црниот дроб, што зависи од траењето и тежината на состојбата. Кај трудните замастениот црн дроб може да го загрози животот на мајката и на детето. Тешките оштетувања на црниот дроб може ја направат неопходна неговата трансплантација.

Алкохолниот замастен црн дроб може да биде проследен со воспаленија, изумирање на клетките и цироза.

Микровезикуларниот замастен црн дроб има нагло настапување и ако пациентот го преживее, оздравувањето е можно.

Неалкохолниот замастен црн дроб има добра прогноза со ретко влошување на болеста.

ЗДРАВ СТИЛ НА ЖИВЕЕЊЕ

Појавата на замастен црн дроб може да се спречи со правилна и балансирана исхрана, со здрав животен стил и со апстиненција од алкохол. Кај бремените потребна е добра и честа контрола за да може оваа состојба навреме да се препознае и да се лекува. За да се спречи Рејевиот синдром, на децата не смее да им се даваат лекови што содржат ацетилсалицилна киселина (аспирин, андол) за лекување грип и други вирусни заболувања.

Dnevnik

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top