Free songs
Home / аларм / Битно да се знае: Како да препознаете мозочен удар

Битно да се знае: Како да препознаете мозочен удар

Најголем проблем кај мозочниот удар е што првиот е во најголемиот број случаи благ, и ниту личноста ниту нејзините блиски не можат да препознаат и често погрешно ги толкуваат симптомите. Но вториот удар доколку следи може да биде смртоносен.

mozocen-udar-300x200

Невролозите велат дека потполно може да се амортизира учинокот од мозочен удар, ако болниот стручно медицински биде згрижен во првите 3 часа!

Доколку со препраќање на овој текст спасиме барем само еден живот тогаш сме ја направиле вистинската работа.

Ова се четири чекори според невролозите кои покажуваат дека е можно да се работи за мозочен удар.

1. Замолете ја личноста да се насмее – нема да може

2. Замолете ја личноста да каже една проста реченица (нпр. Денес е убав сончев ден“) – ќе има потешкотии да ја изговори

3. Замолете ја личноста да ги дигне обете раце. Или воопшто нема да може или пак делумно само ќе ги подигне.

4. Замолете ја личноста да го покаже јазикот. Ако јазикот е извиткан, искривен, ако оди на една или друга страна, тоа е знак за мозочен удар.

Ако при извршување на овие барања особата има потешкотии, ВЕДНАШ повикајте Брза Помош и на лекарот опишете му ги симптомите. 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top