Free songs
Home / природен лек / Билка успешно лекува цисти на јајчници

Билка успешно лекува цисти на јајчници

Цистите се израстоци на ткивото исполнети со течности, а на јајчниците можат да се јават поединечно или во поголем број. Најчеста причина за нивното настанување е отстуството на пукањето на фоликулите во текот на овулацијата (фоликуларна циста) или ендометриоза („чоколадна“ циста), но потеклото на некои израстоци од овој тип се уште не е утврдено. Сепак, се смета дека важна улога во формирањето на цистите имаат хормоналните нарушувања, како и воспалителните процеси.

cistitЦистите со мали димензии главно не предизвикуваат тегоби, но понекогаш можат да се јават благи болки во стомакот и непријатно чувство на притисок на бешиката или дебелото црево. Меѓутоа, доколку се работи за поголеми цисти, нивното пукање и излевањето на содржината во стомачната празнина може да предизвика остра, силна болка. Ненадејните, силни болки можат да настанат и при извртувањето на големите цисти (торзија на цистите).

Освен тоа, можат да се јават неправилни и интензини крвавења, како и отсуство на менструацијата. Повеќето цисти се дијагностицираат при гинеколошки преглед.Во повеќето слуачи, цистите сами се повлекуваат (пукаат), а нивното растење може да се стопира со хормонски препарати. Доколку пречникот им е поголем од четири сантиметри, а медикаментозната терапија не ги дава очекуваните резултати, се пристапува кон нивно хируршко отстранување. Фитотерапијата може да биде од голема помош во лекувањето на цистите на јајчници, како и во стопирањето на нивното растење.

cistit3Освен медикаментите кои се препишуваат како терапија во случај на појава на цисти на јајчниците, можете да си помогнете и со консумирање природни чаеви од лековити билки. Во стаклен сад ставете четири грста билна мешавина од 300 грама невен и по 100 грама коњско опавче, ајдучка трева и коприва. Оваа мешавина треба да се прелие со зовриена вода и да се покрие. По 15 минути треба да се процеди и да се пие наместо вода. Се препорачува да се пие половина литар дневно, во текот на три месеци, потоа да се направи пауза од еден месец, па да се повтори терапијата.

Исто така, може да ви помонге и мешавината од една мала лажичка корен од ѓумбир, камилица и малку исечкан корен од магдонос. Мешавината треба да ја варите 15 минути во покриен сад, во еден литар вода. Кога ќе се излади, треба да се процеди. Секој ден треба да се пие по половина мала лажичка, на секои два часа. Кога ќе почувствувате олеснување, дозата намалете ја на трипати дневно. Третманот трае додека не се нормализира менструалниот циклус, обично околу три до четири месеци.

Една лажичка иситнета ајдучка трева прелијте ја со два децилитра завриена вода, оставете ја да отстои пет минути, а потоа процедете ја. Пијте неколку пати на ден од свежо приготвената напивка.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top