Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / природен лек / Билка која спречува настанок на рак на бели дробови

Билка која спречува настанок на рак на бели дробови

Состојката која ја содржи растението “mundulea sericea” со потекло од Мадагаскар, би можело да помогне при спречување на појава на рак на бели дробови кај долгогодишните пушачи, известуваат од Центарот за истражување на рак „Андерсон“ во Хјустон, на Универзитетот во Тексас, предводен од Ли Хо-Јанг.

Истражувањето беше спроведено на три групи глувци на кои им бил вбризган агенс кој предизвикува „пушачки“ рак на бели дробови. На едната група истовремено им бил вбризгана состојката од “mundulea sericea”, на втората група истата состојка им била вбризгана малку подоцна, а на третата воопшто не. Резултатите од тестирањето биле проверени во дваесеттата недела.

Кај глувците од трите групи се развил рак на бели дробови, но резултатите покажале дека кај оние на кои им била вбризгана лековитата состојка, бројот на туморските клетки се намалува.

Земајќи предвид дека во тоа време истражувањето беше се уште во тек, а познато било дека споменатата состојка би можела да биде токсична за срцевиот мускул, белите дробови и нервите, авторите на истражувањето немаат пријавено повеќе несакани ефекти.
Во соопштението Ли вели дека „споменатото соединение може многу да помогне во третманот на раната фаза рак на белите дробови кај луѓето.”

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top