Free songs
Home / природен лек / Билка која штити од мозочен удар

Билка која штити од мозочен удар

Активната супстанца на рузмаринот, корнозик, го штити мозокот од мозочен удар и невродегенерација, кои се создаваат поради оштетувања на мозокот предизвикани од слободните радикали.

Алцхајмеровата болест е едно од најпознатите невродегенеративни заболувања кое е условено од штетното дејство на слободните радикали, истакнуваат научници од Лос Анџелес и Јапонија.

Во експериментите кои ги изведувале доктори од Јапонија во Лос Анџелес, се покажало дека корнозик станува активна супстанца под влијание на слободните радикали, напаѓајќи ги нив наместо невроните, така што невроните остануваат безбедни.

На тој начин тој ја презима улогата на активен лек, а не предизвикува никакви непосакувани ефекти.

Дејствува преку механизам наречен редокс хемија, каде електроните од еден молекул се префрлуваат во друг, за да се активира имуниот одговор на организмот.

Во ова истражување можеби најважно е тоа што евентуалните нови невролошки лекови со лековити состојки од рузмарин, би немале апсолутно никакво штетно дејство за луѓето, порачуваат научниците.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top