Free songs
Home / природен лек / Авокадото е моќен антиоксиданс

Авокадото е моќен антиоксиданс

Авокадото е овошје што важи за едно од најхранливите во природата со многу лековити својства. Содржи квалитетен состав на масни киселини, меѓу кои се истакнуваат мононезаситената олеинска киселина, која помага во намалување на холестеролот и го спречува неговото штетно дејство.

avokado-king-fruit-avokado-01Содржи и стероли, а најмногу бета-ситостерол, кој по структурата е сличен на холестеролот и кога се консумира со друга храна што содржи холестерол, ја инхибира неговата апсорпција и така го спречува неговото штетно дејство. Авокадото е богато и со калиум, кој помага во регулација на крвниот притисок. Врз основа на многубројни научни докази, американската агенција FDA за авокадото го потврдила следново: “Исхрана што е добар извор на калиум со низок удел на натриум помага за намалување на ризикот од висок крвен притисок и од срцев удар”.

Авокадото содржи состојки што штитат од рак на дојката и на простатата благодарение на големиот удел на каротеноидот лутеин и витамин Е. Авокадото ако се стави во салата ја зголемува способноста на организмот да ги апсорбира каротеноидите од зеленчукот. Освен што го штити организмот од рак на простатата и од болести на очите како што се катаракт и макуларна дегенерација, лутеинот поради своите антиоксидативни својства штити од штетното дејство на слободните радикали и ги филтрира штетните УВ-зраци.

ГО ПОДОБРУВА ИМУНИТЕТОТ

Според истражувањата, стеролите во авокадото успешно ги спречуваат и лекуваат болестите на простатата како што е бенигна хиперплазија на простата, забавувајќи го развојот на клетките на рак, простата и црева и дејствуваат против некои облици на леукемија. Стеролите позитивно дејствуваат и на имунитетот бидејќи го зголемуваат развојот на лимфоцитите, нормализирајќи го нивото на шеќер во крвта и инсулин кај дијабетес тип 2. Бета-стеролите помагаат при намалување на воспаленијата, во процесот на лекување чирови и ги ублажуваат грчевите. Исто така дејствува и антивирусно, антибактериски и антигабично.

ШТИТИ ОД СЛОБОДНИ РАДИКАЛИ

Авокадото е богат извор на витамин Е, кој освен што ја штити кожата, добар е и за нормалното функционирање на организмот, бидејќи е моќен антиоксиданс. Ги заштитува клетките од штетното дејство на слободните радикали, кои влијаат на развој на рак и срцеви болести. Витаминот Ц е важен за синтеза на колаген, кој е потребен за развој на клетките и на ткивата, го спречува влегувањето на вирусите во клетките и е силен антиоксиданс. Витамините од Б-групата учествуваат во многу реакции со кои се произведува енергија во телото.

Растителните влакна во авокадото во секојдневната исхрана го регулираат варењето и го штитат дигестивниот систем. Храната богата со диетални влакна го намалува ризикот од хемороиди, синдром на нервозни црева и болести на дебелото црево. Високото внесување влакна го намалува ризикот од развој на дијабетес тип 2. Влакната помагаат и за регулација на тежината, бидејќи бараат повеќе џвакање, се поврзуваат со водата, го зголемуваат волуменот и подолго се задржуваат, што дава чувство на ситост и ја намалуваат опасноста од прејадување, а немаат никаква калориска вредност.

МАСЛОТО – МЕВЛЕМ ЗА КОЖАТА

Многу вреден производ што се добива од авокадото е маслото, кое освен што е вкусно и здраво, многу готвачи го користат наместо маслиново. Авокадовото масло има исклучителна способност за регенерација и подмладување поради високата концентрација на есенцијални масни киселини, кои го спречуваат исушувањето и ја одржуваат еластичноста на кожата. Во кожата продира најдлабоко од сите растителни масла и активните материи ги носи до внатрешните слоеви на дермисот. Неговите антибактериски и зацелувачки својства го прават идеална база за козметички третман на рани, акни и дерматитис. Го ублажува јадежот кој се појавува при егземата и псоријазата. Маслото од авокадо ги забавува знаците на стареење бидејќи го поттикнува метаболизмот на колагенот, ја зголемува неговата топливост во дермисот, а високиот процент на витамин Е помага во неутрализација на слободните радикали. Има својство за апсорпција на УВ-зраците. Од сите растителни масла, авокадовото е најделотворно средство за заштита од сонце, штити од појава на дамки и изгореници.

Во 100 грама авокадо има 160 килокалории. Од тоа – 2 отсто протеин, 14,6 отсто масти и 8,5 отсто јагленохидрати, од кои 6,7 диетални влакна и 0,6 отсто шеќер.

Од минералите содржи бакар, калциум и магнезиум.

Авокадото потекнува од Средна и Јужна Америка, каде што почнало да се одгледува 8.000 години пр.н.е. и каде отсекогаш се сметало за кралско овошје. Според легендата на Маите, авокадото им давало магични и мистични моќи на нивните принцези.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top