Free songs
Home / нови лекови / Аспиринот спречува ширење на рак во телото?

Аспиринот спречува ширење на рак во телото?

Секојдневното земање мала доза aспирин може да го спречи ширењето на рак низ телото, а може да биде и потенцијален лек за негово излекување, покажува студијата на група британски научници.
Тие тврдат дека за првпат се откриени антиканцерогени​те својства на овој одамна познат лек, откако испитувањата кои биле спроведени врз 77.000 пациенти покажале дека аспиринот го намалува ширењето на карциномот низ телото за 36 отсто.

aspirin2-300x186– Болните можат побрзо да умрат како последица на ширењето на ракот, отколку од развојот и растот на самиот карцином, што значи дека доколку се најде третман што ќе го редуцира неговото проширување, тоа ќе претставува важно дополнување во лекувањето – објаснува проф. Питер Ротвел.

Истражувачите од Универзитетот „Оксфорд“ сметаат дека секојдневната употреба на аспирин од 75 милиграма, што инаку им се препорачува на луѓето како заштита од мозочен и срцев удар, па сè до доза од 300 милиграми, се покажала корисна во намалување на ширењето на ракот. Лекарите тврдат дека за ефикасност на лекот потребно е секојденво земањето аспирин во период од 10 години.

Професорот Ротвел смета дека сега итно се потребни понатамошни испитувања околу влијанието на преку еден век стариот лек врз ракот, а особено дали тој може да биде користен и како превентива.
Досегашните истражувања не откриваат каков е ефектот од лекот врз здрави луге, но покажале дека опасноста од можното крвавење во стомакот поради долгото земање аспирин, исчезнува по три години од почетокот на пиењето на лекот.

plus info

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top