Free songs
Home / алтернативна медицина / Апсурдно, ама делува: Стар руски лек за грло – лижење мед од кутлача

Апсурдно, ама делува: Стар руски лек за грло – лижење мед од кутлача

Кога ве боли грло или кога имате воспаление на крајниците, наједноставното што можете да го направите е да го пробате овој стар руски народен рецепт.Наводно, овој метод навистина делува, а постои и објаснување зошто е тоа така.

kutlaca za supaАко имате ангина, воспалено грло, па дури и температура, направете го следново: Земете една кутлача и свртете ја со испакнатата страна кон себе. Намачкајте ја со малку мед и излижете го, директно од црпалката. Направете го тоа три пати, а целата постапка практикувајте ја три пати дневно: наутро, попладне и навечер.

Друга варијанта, која е исто толку ефикасна, е да земете една лажичка мед и да ја намачкате на тацна. Се разбира, потоа излижете го медот директно од тацната. Повторете го истото од три до четири пати во денот.

Кој метод и да го пробате, болката во грлото и температурата би требало да исчезнат за еден ден. Како? Смислата зад ваквиот рецепт (кој навидум делува како обично јадење мед) е дека при ваквите движења на јазикот при лижењето на кутлачата или тацната, значајно се зголемува протокот на крв до крајниците, а како резултат на тоа се намалува воспалението, отокот, а со тоа и температурата.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top