Home / аларм / Апчето „Ден потоа“: За и против

Апчето „Ден потоа“: За и против

Европската агенција за лекови – EMA ја разгледува можноста од укинување на лекарски рецепт за апчето „Ден потоа“. Само три земји во Европската унија не дозволуваат слободна продажба на апчињата, меѓу кои и Германија.

Пред една година во Германија јавноста ја потресе случај во кој млада жена откако била силувана побарала помош во две католички болници. Но, таму не сакале да и дадат или препишат апче за ден потоа, што може да спречи евентуална бременост. Судбината на оваа жена со недели беше предмет на расправа во јавноста.

antibebi-piluli-300x175Германија, Полска и Италија се единствените земји во ЕУ во кои оваа пилула може да ја препише исклучиво лекар. Во останатите земји може да се купи во аптека без рецепт. Европската агенција за лекови сега разгледува можност од укинување на рецептите за цела ЕУ.

Се работи за контрацептивно средство со пазарно име Ella, што содржи активна состојка улипристал. ЕМА нагласува дека може сама да одлучи за укинување на рецептот за цела Европа, имајќи предвид дека за овој препарат токму оваа институција издаде одобрение. Политичарите во Германија веќе со години расправаат за начинот на издавање на Pidane, со активна состојка левоноргестрел, друга популарна пилула.

Додека левоноргестрелот е потребно да се земе 72 часа по половиот однос, со улипристал времето се продолжува на 120 часа. За двете пилули важи истото – што порано се земат, толку дејството им е поголемо.

Гинеколозите во Германија долго време се залагаат против укинување на рецептот за итна контрацепција.

„Преглед смее да изврши само гинекологот или дежурен лекар”, вели Кристијан Албринг, претседател на германското здружение на гинеколози.

Нагласува дека пилулата за ден потоа не е за секоја жена. Нејзиното дејство се намалува доколку жената зема антидепресиви или лекови за епилепсија. Пилулата нема да делува ниту ако жената има повеќе од 70 килограми (левоноргестрел) или над 90 килограми (улипристал). Освен тоа, додава Албринг, треба да се исклучи можноста жената да е веќе трудна. Поради сите овие причини за дежурните служби во клиниките е составена листа како лекарите би можеле со сигурност да ја препишат пилулата. Укинувањето на рецептот би им го ускратило прегледот на жените, вели Албринг.

И додека се води расправа, многу жени почнаа да бараат алтернативни решенија. Британскиот интернет портал Dr End нуди пилула за ден потоа, заедно со онлајн советување. Околу 15 000 жени ја искористиле оваа услуга откако страницата е отворена во 2011 година.

Во Македонија, како и во повеќето европски земји, апчето „Ден потоа” се купува без рецепт

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top