Home / алтернативна медицина / Акупунктура – како и зошто лечи

Акупунктура – како и зошто лечи

Во изминатите 30 години се направени значајни научни проучувања во оваа област коишто придонесуваат да се разбере принципот на нејзиното делување. Со овие проучувања до одреден степен е докажана ефективноста на акупунктурата и поради тоа се почесто се користи во конвенционалната медицина. Акупунктурата е широко употребувана како третман во клиниките и голем број од здравствените работници низ целиот свет им ја препорачуваат на своите пациенти.

На кој принцип работи акупунктурата?

akupunktura04Според традиционалната Кинеска филозофија, човековото здравје зависи од состојбата на енергијата наречена Чи која се движи низ телото и е одговорна за сите, како физички така и психички, емотивни, духовни и ментални состојби. Недоволниот, небалансираниот или прекинат проток на Чи може да доведе болест.

Протокот може да биде нарушен од голем број на емоционални, ментални и физички фактори (траума, диета, инфекции или климатски промени). Чи се движи низ телото по „мередиани“ или канали. Иглите се вметнуваат на специфични точки на каналите со цел да се коригира протокот на Чи и да му се помогне на телото да се балансира.

Мокса терапија

akupunktura05Мокса терапијата е третман при којшто се употребува топлина со помош на пресувано растение со специјални терапевтски својства, наречено Мокса. Растението се пали и се држи на одредено растојание од акупунктурната точка. Целта е да се внесе топлина во организмот или да го стимулира протокот на енергија.

Според Кинеската медицина, ваквото стимулирање е неопходно во одредени ситуации. Акупунктурата и мокса терапијата се комплементарни форми на третман и најчесто се употребуваат заедно. Мокса терапијата најчесто се користи за состојби како астма, бронхитис, некои видови на парализи, различни видови на болки, артритис итн.

Западна Медицинска Акупунктура

Западната медицинска акупунктура го комбинира традиционалното кинеско знаење и искуството од научните познавања на анатомијата, заедно со принципите на медицината базирана на докази. Помалку значење се дава на Чи, додека главниот акцент се става на стимулирање на нервниот систем.

Последните проучувања сугерираат дека со вметнувањето на игли на специфични точки, телото ослободува голем број на невромедијатори и хормони. Според досегашните познавања со акупунктурата првично се афектира нервниот систем, кој покрај испраќањето на сигнали преку нервните клетки исто така реагира и со ослободување на различни биохемиски супстанци коишто влијаат и на другите клетки во телото.

Покрај традиционалните акупунктурни точки, во западната медицинска акупунктура се користат и други, сензитивни точки, или точки со помош на кои преку рбетниот столб се влијае на делот од телото којшто се третира (сегментна акупунктура).

Вендузи

venduziВендузите се друга форма на терапија којашто се користи во Кинеската медицина.

Со помош на овој метод се стимулираат акупунктурните точки со вакуум предизвикан од метална, дрвена или стаклена вендуза, со цел зголемена крвна и/или лимфна циркулација.

Вендузите се употребуваат на грб, врат, рамена и на други поголеми мускулни површини. Традиционално се користат за состојби на респираторниот систем како настинка, пневмонија, бронхитис итн.

Електро акупунктура

akupunktura07Електро акупунктурата е слична со традиционалната акупунктура со тоа што исти точки се користат за време на третманот. По вметнувањето на иглите тие се поврзуваат со уред кој генерира електрични импулси, чијашто фреквенција и интензитет се регулираат во зависност од состојбата што се третира. Третманот трае околу 30 минути.

Електро акупунктурата најчесто се користи за третирање на периферни невролошки промени, како парези или парализи.

Болки во Грб и Половината

Болката во грбот е една од најчестите причини поради која луѓето бараат медицинска помош. Факт е дека луѓето одат исправени а тоа предизвикува голем притисок на ‘рбетот и мускулите кои го поддржуваат. Со текот на времето, фактори како што се болест, трауми, неправилно држење или преголем напор може да доведат до непосредни и / или долгорочни проблеми со грбот.

Причините за болки во грбот може да бидат од различна природа

Зглобовите на ’рбетниот столб кои се исклучително богати со нерви се честа причина за болки во грбот. Овие зглобови го диктираат движењето на ‘рбетниот столб и може да бидат засегнати поради лошата положба на телото или поради прекумерна нивна употреба, така што да предизвикаат болка.
Дисковите меѓу пршлените, исто така може да бидат причина за болки во грбот. Овие дискови имаат улога на „амортизери„ на ’рбетниот столб. Одредени состојби можат да доведат до лизгање или хернирање на мекиот центар на дискот (“дискус хернија”) кое што врши притисок врз одредени нерви и често резултира со болка во екстремитетите. Оваа состојба најчесто е предизвикана од траума, како што е дигање на тешки предмети но може да настане и спонтано. Болката во грбот може да е и мускулна по природа.

Истражувањата покажуваат дека иако болката во грбот може да се реши сама од себе приближно за две недели , сепак има тенденција да се повтори во 50% од случаите.

Како Акупунктурата може да помогне?

Акупунктурата може да игра важна улога во намалувањето или елиминацијата на болки во грбот со тоа што го намалува времето на закрепнување и спречува развој на хронична болка.

Акупунктурата ги ублажува мускулните грчеви што помага за нормалното движење на зглобовите на ‘рбетот, а ова е од витално значење за намалување на болката. Со намалување на акутната болка во грбот, акупунктурата исто така ги намалува и шансите болката да стане хронична.

Акупунктурата може да помогне со тоа што:

  • ја намалува болката – преку стимулирање на нервите во мускулите и другите ткива што доведува до ослободување на ендорфини и други неврохормонски фактори кои влијаат на чувството на болка во централниот и ‘рбетниот мозок (Pomeranz 1987; Zhao 2008)
  • го намалува воспалението – преку ослободување на васкуларни и имуномодулаторски фактори (Kim 2008 ; Kavoussi 2007 ; Zijlstra 2003)
  • ја намалува мускулната вкочанетост и ја подобрува мобилноста на зглобовите – преку зголемување на микроциркулацијата (Komori 2009), која помага и за намалувањето на отоците
  • ја намалува употребата на лекарства (Thomas 2006)
  • на долг рок е подобро и поисплатливо решение (Redcliffe 2006; Witt 2006)
  • има подобар резултат кога се користи во комбинација со конвенционалните третмани, како физикална терапија (Ammendolia 2008; Yuan 2008)

Националниот институт за Здравје и Добра Клиничка Пракса во Велика Британија им препорачува на општите лекари да предложат 10 третмани со акупунктура како прво средство на избор кај пациентите што страдаат од идиопатски болки во половината.

Главоболка и мигрена

Иако главоболката и мигрената се многу чест проблем, западната медицина има ограничено разбирање за причините и лекувањето на истите. Најчесто употребуван лек е аналгетикот. Од мигрена страдаат милиони луѓе ширум светот. Симптомите може да траат со часови па и денови почнувајќи со остри главоболки, вртоглавица, гадење, повраќање и промени во видот. Проучувањата сугерираат дека причините можат да бидат надворешни но исто така може да произлегуваат и од самиот организам. Диетата, хормоните, стресот, временските промени и слично се само дел од потенцијалните причинители на мигрена.

Акупунктурата може да помогне во третирањето на мигрената со тоа што:

  • ја намалува болката – со тоа што ослободува ендорфини и други невро хормонски фактори (Zhao 2008, Zijlstra 2003, Pomeranz, 1987)
  • го редуцира воспалението – со тоа што го засилува ослободувањето на васкуларни и имуномодулаторски фактори (Kim 2008, Kavoussi 2007, Zijlstra 2003)
  • го редуцира степенот на кортикалната депресија (електричен бран во мозокот којшто се поврзува со мигрена) и ја намалува плазмената концентрација на калцитонин и супстанција П (учеснички во патофизиологијата на мигрена) (Shi 2010)
  • го регулира интра и екстра краниалниот проток на крв (Park 2009)
  • влијае врз нивото на серотонинот (5-хидрокситриптамин) во мозокот (Zhong 2007)

Несоница

Несоница е честа состојба при која луѓето имаат потешкотии да заспијат или да имаат мирен сон. Оваа состојба е наведена од страна на Светската Здравствена Организација како една од состојбите која ефикасно се третира со акупунктура.

Причините за несоница можат да бидат различни и нивната идентификација има значајна улога во дијагностицирањето и третирањето на истата. На пример, причина за несоница може да произлегува од болка, во тој случај третирањето на болката е приоритет. Анксиозност или депресија понекогаш можат да ја придружуваат несоницата. Во такви случаи, третманот може да биде фокусиран на нивно решавање во прв план.

Конвенционалниот третман вклучува лекови познати како хипнотици, кои помагаат за решавањето на некои од симптомите на несоницата без да ја третираат причината за неа. Редовно препишување на овие лекови носи многу потенцијални опасности за пациентите, вклучувајќи ризик од зависност, сообраќајни незгоди и други несакани ефекти врз здравјето (Joint Formulary Committee 2009).

Акупунктура за Несоница

Проучувањата сугерираат дека акупунктурата го стимулира нервниот систем и предизвикува ослободување на многубројни неврохемиски молекули. Овие биохемиски промени влијаат на хомеостазните механизми на телото, со што се постигнува физичка и емоционална релаксација.

Стимулацијата на одредени акупунктурни точки се покажа дека влијае на деловите од мозокот кои се одговорни за болка и „стрес”. Со тоа се постигнува релаксација и дезактивирање на “аналитичкиот” мозок, кој е одговорен за несоница и анксиозност (Hui 2010).

Истражувањата покажале дека акупунктурата може да помогне кај несоница на некој од следниве начини;

  • ја зголемува ноќната секреција на ендогениот мелатонин (Spence et al 2004)
  • со стимулирање на опиоиди (особено Б-ендорфин) зголемување на активноста на  м-опиоидните рецептори (Cheng et al 2009)
  • со зголемување на активноста на азотен оксид синтетаза што помага за нормалното функционирање на мозочното ткиво, што би можело да помогне при регулирање на спиењето (Gao et al 2007)
  • со зголемување на церебралниот проток на крв (Yan 2010)
  • со намалување на активноста на симпатичкиот нервен систем, па оттука и зголемување на релаксацијата (Lee 2009a)
  • го регулира нивото на невротрансмитерите (или нивните модулатори) како серотонин, норадреналин, допамин, ГАМА и невропептид Y, што помага да се зголеми релаксацијата и намали тензијата (Lee 2009b; Samuels 2008 ; Zhou 2008).

Акупунктура за проблематичен менструален циклус

Поголем број од жените во репродуктивна возраст страдаат од умерена предменструална тензија во одреден период од нивниот живот. Сепак, некои жени имаат предменструални симптоми кои сериозно им го нарушуваат секојдневниот живот. Болката обично е најтешка во делот на стомакот и половината. Во некои случаи, проследена е со повраќање, дијареја, мигрена, главоболки и екстремни промени во расположението. За некои жени нормално е да се чувствуваат сензитивно во областа на абдоменот и градите за време на циклусот и да имаат желба за слатка храна. Сите овие симптоми со еден збор се нарекуваат предменструален синдром (ПМС).

Причините за ПМС се непознати, но веројатно хормонски и други фактори (невролошки) имаат придонес во тоа. Конвенционалниот третман вклучува земање лекарства против болки или хормонска терапија.

Комплементарната медицина, во таа смисла и акупунктурата заземаат се поголема популарност при третирањето на ПМС. Повеќето жени кои ја користеле акупунктурата за третирање на проблематичен менструален циклус објавуваат дека имаат подобри резултати од конвенционалните лекови.

Истражувачите од Јорк Универзитетот неодамна публикуваа статија во списанието наречено “Brain Research” потврдувајќи дека акупунктурата влијае на делот од централниот нервен систем којшто е одговорен за чувството за болка.

Националниот институт за здравство во Велика Британија ја препорачува акупунктурата или како дополнителен или единствен третман за менструалните болки.

Акупунктурата може да помогне во намалување на симптомите на ПМС со тоа што:

  • релаксира и ги намалува тензиите (Samuels 2008). Акупунктурата влијае на биохемиските процеси во мозокот го намалува нивото на серотонин (Zhou 2008) и го зголемува нивото на ендорфини (Han, 2004) и невропептид Y (Lee 2009), кои што можат да помогнат за емоционалната тензија кај ПМС
  • со стимулирање на нервите во мускулите и другите ткива, се ослободуваат ендорфини и други неврохормонски фактори, со што се менува прагот на болка во централниот и ‘рбетниот мозок (Pomeranz, 1987, Zijlstra 2003, Cheng 2009)
  • се ослободуваат васкуларни и имуномодулаторски фактори со што се намалува воспалението (Kavoussi 2007, Zijlstra 2003).

Ишијасот

Ишијасот е состојба која е предизвикана од компресија на нервус ишиадикус. Нервус ишиадикус е најголемиот нерв во телото на човекот. Се состои од снопови на помали нерви кои започнуваат во лумбалниот ‘рбет, минуваат низ глутеалниот дел, и се движат по целата должина на долните екстремитети. Како причини за ишијас можат да бидат мускулни спазми, дисковите меѓу прешлените, или понекогаш самиот ‘рбет. Најчесто причината за болките се мускулни грчеви или дискус хернија но исто така болката може да биде знак и на посериозна состојба и затоа е важно е да го посетите вашиот лекар за правилна дијагноза.

Конвенционалниот третман за ишијас вклучува совети за да останете активни и да продолжите со секојдневните активности; терапија со вежби; аналгетици (на пример парацетамол, НСПВС, опиоиди); мускулни релаксанти; кортикостероидни инјекции во ‘рбетниот столб; или хируршка интервенција. Како и да е ниту еден од овие методи нема 100% докажана ефикасност во третирањето на ишијас (Hagen 2007, Luijsterburg 2007).

Акупунктура за Ишијас

Акупунктурата помага при третирањето како на симптомите на ишијас така и на причините за него. Акупунктурните точки кои се користат се наоѓаат главно во долниот дел на ’рбетниот столб и долните екстремитети. Понекогаш акупунктурните игли се вметнуваат по должината на нервус ишиадикус така што директно го стимулираат.

Постојат значајни истражувања коишто покажуваат дека акупунктурата како третман е исто толку добра, ако не и подобра отколку конвенционалниот третман за болка во грбот и ишијас (Yuan 2008; Furlan 2008;)

Акупунктура може да помогне во ублажување на болки во грбот и ишијас на следниве начини:

  • со стимулирање на нервите кои се наоѓаат во мускулите и другите ткива, што доведува до ослободување на ендорфини и други неврохормонски фактори, со што се влијае на прагот на болката во централниот и ‘рбетниот мозок (Pomeranz 1987 , Zhao 2008)
  • со намалување на воспалението, преку ослободувањето на васкуларни и имуномодулаторски фактори (Kavoussi 2007, Zijlstra 2003)
  • со подобрување на мускулната вкочанетост и мобилност на зглобовите а со тоа и зголемување на локалната микроциркулација (Komori 2009), која помага за намалување на отокот на нервот
  • предизвикува промени во протокот на крв кон нервус ишиадикус, и нервните корени (Inoue 2008)
  • влијание на невротрофичкиот медијаторен фактор, кој е важен во невропатската болка (Dong 2006)
  • го зголемува нивото на серотонин и норадреналин, кој може да помогне во намалувањето на болката и помага при репарацијата на нервот (Wang 2005)
  • го подобрува проводниот систем на нервус ишиадикус (Zhang 2005)
  • помага за подобра и побрза регенерација на нервус ишиадикус (La 2005)

Стресот

Стресот е една од најчестите состојби од којашто луѓето страдаат во денешно време. Може да биде предизвикан од бројни фактори, како што се семејството, односите со луѓето околу вас, финансиски проблеми итн. Значително влијае на здравјето на човекот и според последните проучувања се поврзува со состојби како што се висок крвен притисок, алергии, мигрена и депресија. Во екстремни случаи може да предизвика психолошки пореметувања како што се „Посттрауматското стресно пореметување и Кумулативниот стрес”.

Знаците на стресот може да варираат од една индивидуа до друга. Може да се манифестира физички како замор, летаргија или симптоми како што се болки, мускулни грчеви, кожни промени, oпаѓање на коса, несоница а во некои случаи и како болест. Ментално стресот може да доведе до депресија, промени во расположението, збунетост, параноично однесување, повлекување во себе итн.

Конвенционалните третмани вклучуваат лекови како што се анксиолитиците, бихевиористичка терапија, психотерапија и различни техники за релаксација.

Акупунктурата може да биде безбедно и ефикасно средство за намалување на стресот. Се разбира, дека нема да ги промени околностите на вашиот живот, но може да ви помогне да се чувствувате подобро и порелаксирано. Намалување на стресот ќе допринесе да се чувствувате посамоуверени, и полесно да се справувате со секојдневните предизвици.

Акупунктурата може да помогне со стресот по некој од следните начини:

  • влијаејќи на областа во мозокот која што е одговорна за чувството на стрес како и со дезактивирање на “аналитичкиот” мозок, кој е одговорен за вознемиреност и загриженост (Hui 2010; Hui 2009);
  • со подобрување на „меморијата предизвикана од стрес” и зголемување на реактивноста на AchE во хипокампусот (Kim 2011);
  • со намалување на серумските нивоа на кортикостерон и бројот на тирозин хидроксилаза-имунореактивните клетки (Park 2010);
  • со регулирање на нивото на невротрансмитерите (или нивните модулатори) и хормони, како што се серотонин, норадреналин, допамин, ГАМА, невропептид Y и AКTХ, (Lee 2009; Cheng 2009; Zhou 2008);
  • со стимулирање на производството на ендогени опиоиди кои влијаат на автономниот нервен систем (Arranz 2007). Стресот го активира симпатичниот нервен систем, додека акупунктура може да го активира парасимпатичниот нервен систем, кој иницира релаксација;
  • го регулира нивото на инфламаторните цитокини кои се поврзани со стресот (Arranz 2007);
  • го намалува воспалението, преку зголемено ослободување на васкуларни и имуномодулаторски фактори (Kavoussi 2007 година, Zijlstra 2003);
  • ги регулира промените во однесувањето и биохемиските промени (Kim 2009).

Други состојби

Ова се дел од другите состојби кои се третираат со помош на акупунктура:

  • Ментално и емоционално здравје: промена на расположение, депресија, анксиозност
  • Здравјето кај жената: Болни/нередовни циклуси, ПМС, менопауза, хормонален дисбаланс, неплодност и бременост
  • Ревматолошки состојби: остеоартритис, ревматоиден артритис
  • Проблеми со дигестивниот тракт: нервозно дебело црево, констипација, болест на Крон, колитис
  • Проблеми со респираторниот систем: синуситис, астма, алергија, бронхитис, настинки, кашлица
  • Проблеми со циркулацијата: висок/низок крвен притисок, Рејно синдром, вртоглавици
  • Спортски повреди и болки
  • Подобрување на имунитетот
  • Третирање на зависности
  • Белова парализа, фибромијалгија, грижа по мозочен удар, тинитус, тениски лакот, гадење и повраќање

www.akupunktura.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top