Free songs
Home / аларм / Ако сакате да сте здрави треба ВЕДНАШ престанете да го правите ова

Ако сакате да сте здрави треба ВЕДНАШ престанете да го правите ова

Не се само вирусите и бактериите закана за имунолошкиот систем на човекот. Него го нарушуваат и многу нешта за кои многу луѓе мислат дека се безопасни и кои всушност се длабоко вкоренети во секојдневните навики на голем број луѓе.
imunitet2l Пуканки од микробранова
Вреќичките за подготовка во микробранова печка се обложени со нелепливи хемикалии (ПФЦ), поради кои маснотијата не пробива низ нив. Овие хемикалии го нарушуваат имунолошкиот систем, а некои истражувања покажале дека вакцините се помалку ефикасни кај лица кои имаат повисоко ниво на оваа супстанција во организмот. Истата материја се наоѓа и во многу средства за чистење теписи и за отстранување дамки.
l Оштетени тефлонски садови
И тефлонот содржи слични хемикалии како оние од ќесичките за микробранова (ПФОА и ПФОС), но тие ќе стигнат во вашиот организам само ако користите садови со оштетен тефлон. Најдобро е ако можете да ги замените со садови од не’рѓосувачки челик или да внимавате – штом се оштети тефлонот, тој сад веќе не е за употреба. Неодамнешно истражување потврди дека штетните супстанции во тефлонот придонесуваат за појава на остеоартритис, дегенеративна болест на зглобовите. Луѓето со поголема концентрација на ПФОА најчесто имаат и болести на штитната жлезда.
l Осаменост
Нашите имунолошки клетки се друштвени, баш како и луѓето. Тие го скенираат телото за болести, а потоа меѓусебно ги споделуваат информациите. Ако не се социјализирате доволно, вашиот имун систем ќе ослабне, тврдат научници од Охајо. Осаменоста го зголемува нивото на стресот и го потиснува имунитетот.
l Недостиг од сон
Ако сте уморни и не спиете доволно, се намалува бројот на клетките во организмот што се потребни во борбата против инфекциите. Истражувањето направено на Универзитетот во Чикаго открило дека ако спиете само четири часа помалку неделно, двојно ќе го намалите бројот на клетки што се борат против инфекциите и воспаленијата. Пожелно е и да не гледате телевизија пред спиење, зашто светлото од екранот може да го излаже мозокот и да предизвика несоница. Спијте од 7 до 9 часа во текот на ноќта.
l Антибиотици
Пречестото посегнување кон антибиотиците драстично го намалува нивото на цитокини, хормонски гласници врз кои се потпира имуниот систем за време на болест. Антибиотиците нема да помогнат за лекување настинка или грип или воспаление на средното уво и на синусите предизвикани од вируси, но ќе ги уништат добрите бактерии во цревата што му помагаат на имуниот систем. Ако веќе мора да пиете антибиотик, во тоа време пијте и солидно количество пробиотски јогурти што ќе ја зачуваат цревната флора.
l Конзервирана храна
Бисфенол А (БПА) се наоѓа речиси во секоја конзерва. На универзитетот „Мичиген“ пред неколку години беше откриено дека возрасните со покачени нивоа БПА во телото имаат послаб имунолошки систем. Затоа, употребата на конзерви сведете ја на минимум.
l Шеќер
Со 100 грама шеќер внесен во организмот, способноста на белите крвни клетки да ја убијат бактеријата се одложува за пет часа, тврдат американски научници. Јадете продукти со ниско ниво на шеќер, не засладувајте ги храната и пијалаците дополнително, а може и да посегнете по алтернативни засладувачи како стевија.
l Дехидрација
Течностите помагаат телото да се прочисти од разни токсини и нечистотии. Голем број луѓе не внесуваат доволно вода, и покрај тоа што стручњаците предупредуваат дека треба да пиеме најмалку два литри на ден. Пијте вода и пред спиење.
l Антибактериски сапуни
Истражувачите од универзитетот „Џон Хопкинс“ откриле дека децата што се изложени на антибактериски хемикалии и производи повеќе се наклонети кон развој на алергии на храна и од околината. Сосема е доволно да ги миете рацете со обичен сапун и вода.
l Инсектициди
Употребата на инсектициди во домаќинството и на тревниците во градината може да го зголеми ризикот од развој на автоимуни болести. Жените што дошле во контакт со некој инсектицид најмалку шест пати во годината, имаат 2,5 пати поголеми шанси да развијат лупус или ревматоиден артритис. Користете нетоксични и органски производи за дезинсекција, а во градината можете и да посадите и растенија што имаат природна способност да ги одбиваат инсектите.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top