Free songs
Home / аларм / Ако сакате да сте здрави – ФРЛЕТЕ ГИ ОВИЕ РАБОТИ ОД ДОМА

Ако сакате да сте здрави – ФРЛЕТЕ ГИ ОВИЕ РАБОТИ ОД ДОМА

Стари пластични садови

Прегледајте ги пластичните садови за чување храна кои ги имате и фрлете ги сите оние кои се изработени од цврста пластика која на себе ја содржи ознаката 7 или PC (поликарбонат), бидејќи овие пластични садови можат да содржат бисфенол А. Произведувачите денес најчесто не додаваат бисфенол А во новите пластични садови, но поголемиот дел од старите со сигурност го содржат.

Антибактериски сапуни


toxic-soap-ingredient-triclosanАнтибактериските сапуни не се само поделотворни во убивање на бактериите за разлика од останатите сапуни, туку според админстрацијата за храна и лекови, тие можат дури да бидат и штетни. Триклосанот, активната состојка во антибактериските сапуни, влијае на работата на хормоните кај животните, па постојат сомнежи дека оваа хемикалија може да придонесе за отпорност на антибиотици.

Износени патики

После секои 500 до 650 километра би требало да ги замените патиките за трчање, вели физиологот Џејсон Карп. Значи, ако некој трча 50 километра неделно, патиките би требало да ги промени веќе после три месеца. Кога патиките се носат премногу долго, им се истенчуваат перничињата, па токму затоа се јавуваат болки во мускулите и на коските, бидејќи има помалку материјал кој го ублажува допирот на стапалото со тлото. Ако не трчате, патиките би требало да ги менувате на секои шест месеца.

Истрошена четка за заби


toothpaste-1-300x222Ако забите ги миете наутро и навечер, како што и би требало, четката за заби се троши за многу брзо време. Таа почнува да се оштетува веќе после два месеца, што значи дека четката за заби би требало да ја замените после само три месеца користење. Расцветаните четки за заби се и помалку ефективни, па ако ги користите како такви, само ќе го поттикнете крварењето од забите.

Облека која повеќе не ја носите

 Колку нешта од вашиот ормар не сте ги облекле веќе една година? Ако вашиот ормар е пренатрупан, фрлете ги сите нешта кои подолго време не сте ги облекле. Нема смисла да се нервирате “копајќи” по нив секојпат кога се пресоблекувате.
Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top