Free songs
Home / природен лек / 3 природни лекови против воспаление на синусите

3 природни лекови против воспаление на синусите

Синуситис е заболување предизвикано од воспаление на слузницата на синусите. Причините за појава можат да бидат различни, но најчесто се автоимуни болести, бактериски, габични или вирусни инфекции.

Воспаление на синусите по правило се лечи со антибиотици, но тие можат штетно да делуваат на здравјето, а ако се земаат пречесто, телото може да стане имуно на нив. Постојат билки кои можат да ни помогнат во ублажување на воспаленијата на синусите, кои исто така ќе го намалат ризикот од појава на ова заболување.

sinusi-koprivaПортокал
Портокалот претставува одличен извор на витамин Ц, кој помага при затнат нос и прочистување на синусите. Вдишување на мирис од портокал исто така помага во чистење на синусите.

Истражувањата покажале дека со секојдневно консумирање портокал може значајно да се намали ризикот од појава на воспалени синуси, што е вистински предизвик за оние кои барем еднаш имале воспаление на синусите.

Лук
Лукот има одлични антибактериски и антимикотични својства, така што ефикасно ќе го ублажи воспалението на синусите предизвикано од бактериски или габични инфекции.
Алицинот, состојка која на белиот лук му го дава јакиот мирис, има антибиотско дејство, поради што е многу делотворен во лечењето на ова непријатно заболување.

Коприва
Копривата ги ублажува симптомите на воспалени синуси, меѓу кои надразнетоста на очите и чешањето на носот. Оваа магична билка ако се зема како чај или тинктура, ја поттикнува работата на имунолошкиот систем кој ефикасно ќе се бори против инфекциите на синусите.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top