Free songs
Home / Болести и лечење / 12 симптоми кај децата кои никако не смеете да ги игнорирате!

12 симптоми кај децата кои никако не смеете да ги игнорирате!

Кога детето е болно, понекогаш се чини како добра стратегија да почекате и да видите како ќе се развива болеста. Но, постојат и ситуации кои бараат итна посета кај педијатар или итна интервенција на брзата помош, што не е секогаш лесно да се процени.

Родителите секогаш треба да бидат внимателни и да побараат медицинска помош ако нешто посебно ги мачи. Од порталот Parents.com ги пренесуваме 12 симптоми за кои врвните педијатри сметаат дека се ризични и кои бараат итна посета на доктор.

Симптом бр.1: Температура 38 или повисока кај деца помлади од 3 месеци, поголема од 38,3 кај деца од три до шест месеци и температура повисока од 39,4 кај деца од шест месеци до две години

12-simptomi-kaj-detsata-koi-nikako-ne-smeete-da-gi-ignorirate-1Кога детето има висока температура не е толку важно што покажува топломерот, колку општата состојба на детето и неговото однесување. Со еден голем исклучок: доенчиња до три месеци треба да се однесат на доктор ако нивната температура надмине 38 степени.

“Ако температурата е предизвикана од бактериски инфекции, како што е инфекцијата на уринарниот тракт, тоа би можело многу брзо да се прошири по цело тело”-предупредува педијатар Џенифер Шу, коавтор на книгата Heading Home With Your Newborn: From Birth to Reality. “Најчесто тоа е симптом на обичен вирус, но мораме да провериме како би биле сигурни. Важно е веднаш да се отиде на доктор. Ако вашиот доктор во тоа време не работи, заминете на дежурен. Ако детето е постаро од две години, температурата не е толку опасна се додека детето се однесува нормално и пие доволно течности. Во тој случај консултирајте се со вашиот педијатар да ви даде насоки.”

Симптом бр.2: Температура која не се спушта ниту по давање на лекарства или трае подолго од пет дена

bebe temperАко на детето му ја намалувате температурата со лекарства (парацетамол,ибупрофен) а температурата не се намалува ни после четири до шест часа, посетете педијатар. Тоа е знак дека инфекцијата би можела да биде пресилна така што детскиот организам не може да се избори. Докторот во овој случај треба да направи преглед како би го одредил причинителот.

“Температурата која е предизвикана од вообичаените вируси, како што се настинка и грип, обично исчезнуваат по пет дена. Ако температурата трае подолго, дури и ако е пониска од 38 степени, тоа може да доведе до инфекција, како што е бактерискато воспаление на плуќа, што бара лечење со помош на антибиотици”, објаснува педијатар Алана Левин.

Симптом бр.3: Температура која е проследена со вкочанетост во вратот, главоболка или осип кој изгледа како дамки, односно црвени мали точки.

Веднаш посетете доктор – то би можело да бидат знаци на менингитис и треба веднаш да се делува.

Симптом бр.4: Осип кој потсетува на кругови, се состои од ситни црвени точки кои не исчезнуваат кога ќе ја притиснете кожата или поголеми дамки

SIPANICI MORBILIОсип во форма на прстен со светли точки во средината може да биде знак за Лајмска болест. Веднаш побарајте помош ако видите точки под кожата или необјаснливи дамки на кожата, што може да биде знак на бројни сериозни состојби. Освен тоа, осипи во форма на дамки, често малку испапчени над кожата, може да бидат знак за алергиски реакции. Ако детето има потешкотии со дишењето, треба веднаш да го однесете на доктор.

Симптом бр. 5Нови младежи или стари кои го менуваат обликот и бојата

“Обрнете внимание на младежите кај деца, посебно на оние кои ги имаат од раѓање, бидејќи постои голем ризик да станат малигни”, вели педијатар Ари Браун. Еднаш месечно погледнувајте ги и обавестете го докторот ако откриете младежи со неправилен облик, неправилни рабови, неизедначена боја или ако истите пораснале. Сè од наведеното се знаци дека се за проверка.

Симптом бр.6:  Болките во долната десна страна од стомакот или болки кои се појавуваат повремено

Ако детето има болки во долниот дел од стомакот од десната страна, речете му да скока горе – доле. Ако тоа му е преболно, тоа би можело да биде знак на воспалено слепо црево. Иако слепото црево се наоѓа доле десно, болката може да започне околу папокот и да се шири кон десната страна.

“Ако има нормален стомачен вирус, обично прво е пропратено со висока температура, а потоа со повраќање, болки во стомакот и потоа дијареа. Со воспаление на слепото црево понекогаш прво доаѓа до дијареа, потоа болки во стомакот, повраќање и температура”, вели др. Браун. Ако ги забележите овие симптоми одведете го детето на доктор – воспаление на слепото црево брзо напредува, така што најдобро е веднаш да се реагира.

Симптом бр.7: Главоболка која се јавува рано наутро или го буди детето во сред ноќ и која е проследена со повраќање

paracetamol deteТоа може да биде знак за мигрена, која кај децата не е опасна. Сепак, утринските главоболки и оние поради кои детето се буди во ноќта може да бидат знак и на нешто посериозно.

Симптом бр. 8: Сува уста и суви усни кај доенче, сува кожа или кожа која останува “смежурена” кога ќе ја штипнеме (губи еластичност), и често повраќање и пролив

Сите знаци кои се поврзани со дехидрација се знаци дека треба брзо да се реагира бидејќи дехидрацијата може да доведе до шок. Одведете го детето на дежурен лекар ако процените дека е близу таа состојба. Во спротивно посоветувајте се со педијатар и обидете се на детето да му ги надокнадите изгубените течности.

Симптом бр. 9: Сини усни или промена на бојата на кожата околу усните, отежнато дишење, дишење кај кое можете да го видите вовлекувањето на воздух во градите и стомакот, задишаност, “крчење” кај дишењето

“Проблемите со дишење се сериозно кога звуците доаѓаат од градниот кош и плуќа, а не од носот”, вели др. Шу. Критични проблеми со дишењето обично се поврзани со гушење, алергиска реакција или астматични напади (кои може да се појават и кај деца помлади од неколку месеци), воспаление на плуќа и слично. Веднаш побарајте помош. Ако не можете да процените дали се проблемите сериозни или не, проверете ја состојбата на дишните патишта. Броете го секој детски здив во текот на 30 секунди и добиенот број помножете го со два. Нормалната стапка е помала од 60 за новороденчиња, помала од 40 за бебиња до една година, помала од 30 за деца од една до три години и помала од 24 за деца од четири до 10 години.

Симптом бр. 10: Отечен јазик, усни или очи, посебно ако е пропратено со повраќање или чешање

Тоа се чести сигнали на сериозни алергиски реакции. Симптомите може да вклучат отекување, проблеми со дишење, тешко воспаление на грло и бараат итна лекарска помош. Ако е возможно, со консултација на лекар, на детето дајте му антихистамини.

Симптом бр. 11: Паѓање на дете помладо од шест месеци, односно воочите невролошки промени по паѓањето, како што се збунетост и губење на свест , ако по падот се јави повраќање или постојат повреди на телото

Овие ситуации бараат итна лекарска помош. Паѓањето кај децата постари од шест месеци обично не се проблематични, додека висината од која паднале не е поголема од нивната висина, односно, ако не паднат на нешто остро или претврдо.

Симптом бр. 12: Исекотини кои се доволно широки за во нив да можете да ставите стапче за чистење на уши или ако крварењето не престане ниту по неколку минути под притисок.

Тоа се знаци дека детето треба да се однесе на доктор (бидејќи најверојатно ваквата рана ќе има потреба да се шие, превие и сл). Зависно од тежината на повредата, следниот чекор треба да биде или заминување на лекар/педијатар. Исто така детето треба да го однесете на лекар доколку се работи за угриз од некое животно.

Babyboom.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top