Free songs
Home / природен лек / 10 најздрави намирници во светот

10 најздрави намирници во светот

1. Печурки

Овој вкусен намирник со мало количество на калории е одлична замена за црвено месо. Тие го регулираат нивото на естроген кај жените и штити од рак.

Брз рецепт: Насечете ги печурките на парчиња и пржете во маслиново масло, додадете лук и вино и варете додека виното не испари. Гарнир со печени пилешки гради е одлична комбинација.

hrana-ovosje-zelencuk-300x200

2. Јачмен

Житарици богати со растителни влакна и вистински борец против висок холестерол и многу корисен за варењето на храната.

Брз рецепт: Сварете јачмен и грав и додадете било каков зеленчук. Ќе добиете вкусно вариво. Ако сакате подобар вкус испржете неколку парчиња пршута и додадете ги во варивото.

3. Ореви

Неверојатен намирник богат со омега 3 масни киселини, кој го намалува високиот холестерол.

Брз рецепт: Наполнете ја дланката со неколку ореви, суви смокви и анасон, ќе добиете енергетска бомба, која може да замени десерт и да се јаде помеѓу оброци.

4. Интегрални тестенини

Најздравата форма на тестенини која содржи три пати повеќе корисни влакна од било кои други. Целите зрна се многу здрави за системот за варење.

Брз рецепт: Запржете малку лук и додадете малку туна во маслиново масло, пченка и сецкани домати.

5. Путер од кикирики или бадеми

Овие намирници богати со протеини содржат мононезаситени (олеински) масни киселини, кои се многу здрави за срцето. Путер можете и сами да си направите.

Брз рецепт: 2 чаши печени кикирики или бадеми, размешајте со 1.5 лажичка масло, половина лажичка кафеав шеќер и малку сол. Ако сакате посладок путер, додадете малку мед.

6. Квиноја

Квинојата не спаѓа во житариците, туку семе од билка, која е сродна со спанаќот. Таа е богата со протеини, амино киселини, влакна, фосфор, магнезиум, железо, со што му обезбедува енергија на телото.

Брз рецепт: Можете да ја подготвите квинојата со сите јадења, можете да ја користите наместо ориз и тестенини.

7. Обезмастено млеко

Обезмастеното млеко содржи хранливи материи калциум и витамин Б, кој е одличен за невролошката функција и витаминот Д, кој е голем борец против рак.

Брз рецепт: Зачинете го овој пијалок со екстракт од ванила и цимет.

8. Боровинки

Ова супер овошје е богато со растителни влакна, одличен антиоксиданс и исклучително корисно за зајакнување на крвните садови. Боровинки се се полни со витамин Ц, биофлавоноиди, фолна киселина, калиум, калциум и железо.

Брз рецепт: Размешајте со сладолед од ванила или јогурт и ќе добиете здрав десерт.

9. Булгур

Булгурот е половина варена, сушена и мелена пченица богата со железо, фосфор, цинк, манган, селен, магнезиум, калиум и Б витамини. Многу е корисен за системот за варење на храната и помага за запек, дивертикулоза, рак на дебелото црево, срцеви заболувања и рак.

Брз рецепт: Исто како и оризот, тестенините и гореспоменатата квиноја, булгурот е неутрален и вкусен намирник кој можете да го комбинирате со сите оброци.

10. Леќа

Не содржи заситени масти, ниту штетен холестерол и претставува одличен извор на растворливи и нерастворливи влакна. Препознатлив е како намирник за добивање на енергија поради високата концентрација на витамин Б и големи количини на јаглехидрати.

Брз рецепт: Леќата одлично се сложува во комбинација со домати, кромид, лук, месо, месни производи, маслиново масло и овчо и козјо сирење.

napauza.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top