Home / Болести и лечење / Зошто ни игра окото – како да го спречите

Зошто ни игра окото – како да го спречите

Треперењето на долниот или горниот капак на окото, докторите го нарекуваат- миокимија. За среќа оваа состојба освен што иритира неколку ситни мускули и предизвиукува спонтано грчење во девет од десет случаи не е сериозен медицински проблем и обично поминува само од себе.

Но, што ако не помине? Иако треперењето или како што го нарекуваме „играњето“ на окото не е опасно, сепак не треба туку така да го трпиме. Прочитајте кои се најчестите причини за миокимија и дознајте како да го ублажите проблемот.

oko

Стрес

Стресот е главна причина за играње на очниот капак. Обично трае околу една недела или додека трае стресниот период во вашиот живот. Стресот е составен дел од животот, па затоа е важно да научиме како да се носиме со него на најдобар начин. Научете некои техники на опуштање, вежбајте, повеќе спијте и организирајте се подобро.

Кафе

Многу експерти сметаат дека стимулансите како кофеинот предизвикуваат треперење на очниот капак. Особено кога се  користат неконтролирано. Ако неодамна сте конзумирале поголеми количества на кофеин, би било добро да го намалите. Внимавајте на количината на течности која ја внесувате во организмот, па додека пиете кафе секогаш пијте и чаша вода.

Недостаток на магнезиум

Недостатокотна минерали, најчесто на магнезиумот може да доведе до миокимија. Ако проблемот трае подолго време, проверете го нивото на магнезиум. Јадете спанаќ, бадеми или земајте додатоци во исхраната  со овој минерал.

okoСуви очи

Претерано сувите очи можат да бидат последица на стареењето, носењето на контактни леќи, но може да се јават и како несакана последица на одредени лекови. Ако ова е причината за треперењето на очниот капак, користете вештачки солзи или капнете малку чиста ладна вода во око.

Напрегање на очите

Голем број на навики водат до напрегање на очите и треперење на очниот капак. Некои од најчестите причини се; излегување надвор во текот на летото без очила за сонце, избегнување на носење на очила со диоптер, ако имате потреба од нив, долго работење на компјутер. Запомнете дека очите мораат добро да се одморат!

Грчење на вилицата или „шкртање“ со забите

Многу луѓе ја грчат вилицата или „шкртаат“ со забите, особено во сон и тоа се нарекува „бруксизам“. Стоматолозите советуваат ако имате ваков проблем да користите штитници за заби. Во меѓувреме нежно масирајте ја вилицата. Така ќе ви се опушти лицето и ќе се ублажи проблемот.

Други потенцијални причинители

Сепак, понекогаш треперењето на капакот може да биде показател и на некој потежок медицински проблем. Хипогликемија, Паркинсова болест, Туретов синдром, како и на некој невролошки проблем. Па, ако сте се обиделе со сите претходно споменати совети и не ви помогнале, одете на доктор!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top