Иако не учеле дека наутро е добро на гладен стомак да испиеме обична вода која преку ноќ отстојала во чаша, и да не се пие вода директно од чешма. Но дали сте забележале дека таа отстојана вода има чуден вкус? Дали тоа значи дека водата можеби се расипала или се работи за нешто друго.
Обичната вода за разлика од храната, не содржи шеќери ниту белковини поради што на микробите им е полесно да ја загадат. За чудниот вкус на водата која отстојала во чашата преку ноќ постои објаснување.
Со оглед на тоа што водата била изложена на воздух , таа впила од јаглеродниот диоксид и дел од тоја јаглерод диоксид се претворил во карбонска киселина, што значи дека водата на воздух го менува својот хемиски состав, пренесува „Дискавери њуз“.
Кога карбонската киселина ќе отпушти еден или два протони таа се претвора во бикарбонат или карбонат, тоа ја снижува ПН вредноста на водата поради што таа го менува вкусот.
Вреди ли да се остави водата да отстои преку ноќ во чаша, кога ќе ве потсетиме дека водата била изложена на бактерии и дека во неа завршила и незанемарливо количество на прашина. Тоа не значи дека водата се расипала, но поради сето тоа што ноќта се собрало во неа треба да се размисли дали треба да се испие.