Home / алтернативна медицина / Зошто ги движиме очите во сон? Научниците ги истражувале соништата, откритијата ги изненадиле

Зошто ги движиме очите во сон? Научниците ги истражувале соништата, откритијата ги изненадиле

Кога ќе видиме нешто во сонот, нашата мозочна активност е зачудувачки слична на таа кога сме будни, открива студијата.

SPIE44Научниците во неодамнешното истражување кое што ги опфаќа луѓето болни од епилепсија откриле дека движењата на нашите очи во текот на РЕМ фазата од сонот (Сон проследен со забрзано движење на очите) наликуваат на движењата на нашите очи како кога сме будни.

Нивното откритие исто така објаснува зошто луѓето кои што се пробудени додека биле во РЕМ фазата се сеќаваат на своите живописни соништа.

„Електричната активност на мозокот во текот на РЕМ фазата од сонот е слична на оние движења на очите кои се случуваат кога на луѓето ќе им се покажат некои нови слики“, истакна невронаучникот од израелскиот универзитет во Тел Авив, Јувал Нир за “Business Insider”.

Научниците со години претпоставуваа дека движењето на очите во текот на РЕМ фазата е поврзано со тоа што гледаме некакви специфични слики во нашиот сон, но досега немаше конкретен доказ за нивната претпоставка.rem-faza-son

Јувал Нир со своите колеги спровел истражување на 19 испитаници кои што боледуваат од епилепсија, а поради електродите кои што се наоѓале во нивниот мозок, научниците можеле да ја следат мозочната активност и да го откријат потеклото на нивните напади. Исто така користеле и “EEG” за да ги следат мозочните сигнали на испитаниците.

Нивното испитување сугерира дека до движењето на очите во РЕМ фазата доаѓа кога ќе се сретнеме со некоја нова слика во сонот. Иако во целост не е јасно до кој степен мозочната активност во текот на сонот може да се спореди со луѓето кои што не боледуваат од епилепсија, научниците се прилично уверени дека постои сличност кај здравите луѓе и кај тие што боледуваат од епилепсија.

Tocka.com.mk

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top