Поимот рак во усната празнина се однесува на сите тумори во усната празнина-тумори на устата, јазикот, образот, непцата, ортофаринксот или горниот дел на грлото.
Понекогаш, ракот во усната празнина се развива од некои други болести во усната празнина:
еритроплактијата, за која показател може да биде кадифено црвено парче во усната празнина и секогаш се смета за предканцирогена состојба;
леукоплактијата, што ја одликува белузлаво ткиво кое понекогаш представува предканцерогена состојба. Еритроплактијата и леукоплактијата се тесно поврзани со претераната употреба на алкохол и тутун, како и повеќето карциноми во усната празнина.
СИМПТОМИ
Белузлаво или кадифено парче ткиво наместо здрава и розова слузница во устата може да биде предупредување за заболувања од рак. Ако не се лекува ткивото со изменета боја може да расте преобрази се во она што во устата се чувствува како афтозен улкус. Меѓу симптомите на рак во усната празнина се вбројуваат:
- Рани во усната празнина и на усните коишто не се лекуваат.Рани кои често крвават. Отокот може со текот на времето да прокрвари или да се преобрази во чир
- Тешкотии при голтање. тегобно чувств во текот на јадењето, пиењето или голтањето
- Губење на заб без причина. разнишани заби, забоболка или увоболка што не се лекуваат со конвенционално лекување
- Појава на грутка или канцерогена маса на вратот.отечен лимфен јазол на вратот
- Болка во увото.
Симптомите со напреднатиот рак на усната празнина вклучуваат болка во увото, со сводот на усната празнина, необјаснето стегање на мускулите на лицето или вратот или траен непријатен здив од устата.
Обратете се на лекар:
- Ако сте трајно засипнати, имате болки или чувство на запнување во устата. Можеби имате рак на грлото.
- Ако чувтвувате трајна и необјаснета непријатност во устата или увото. Болката може многу лесно да потекнува од нешто друго, што не е рак, но причината, се разбира, треба да се одреди.