Home / аларм / Знаете ли зошто ви паѓа косата?

Знаете ли зошто ви паѓа косата?

Во просек секој ден губиме до 100 влакна. Повеќе од 100 влакна на ден во периодот подолг од два-три месеци треба да ве загрижува. Еве неколку пичини поради кои косата би можела да паѓа.

Есен
Зголемената изложеност на сончеви зраци во текот на летото предизвикува и брз раст на косата во топлите месеци, а токму поради тоа таа во есен посилно паѓа. Во октомври и ноевмри се формираат нови фоликули кои ќе ги заменат старите влакна, а таквата фаза обично трае околу шест недели.

kosa pagjanje hairФризирање

Косата има свој животен циклус, раст, одморање и опаѓање. Кога е под постојан стрес, животниот циклус на косата се нарушува и таа многу брзо доаѓа во фаза на опаѓање. Исто така, на косата не и одговара кога е нон-стоп врзана, кога премногу се фенира и се „мачи“ со било какви хемиски средства. Пуштете ја макар понекогаш да се одмори.

Бременост

Губењето на косата почесто е по породувањето отколу во текот на бременоста. Породувањето е повеќе стресно случување, а кај жените наглото губење на коста почнува да се забележувадури два до три месеци по породувањето.

Премногу витамин А

Преку исхрана е тешко прекумерно да се внесува витаминот А. Обично овој проблем се случува кај девојчињата кои користат суплементи, особено бета-каротен за брзо „потемнување“ во текот на сончањето.

Хормони

Престанувањето земање контрацептивни пилули, наглите хормонски промени кои се случуваат поради разните фактори (бременост, менопауза) може да предизвика губење на косата, а веројатноста е уште поголема ако во семејството имате случаи на прерано губење на костата.

Стрес

Во однос на физичкиот стрес, емоционалниот стрес многу поретко предизвикува губење на косата, но тоа не значи дека не е возможно. Понекогаш сме изложени на стресни периоди како што се развод, смрт на сакана личност или грижа за немоќните во семејството. Сето тоа може да предизвика превремено губење на косата.

Анемија

Секоја десетта жена на возраст од 20 до 49 години страда од намалување на железото во крвта (што е најчеста форма на анемија). Анемијата во поголем случаи предизвикува слабеење на косата, како и нејзино опаѓање. Сето тоа може да се спречи со адекватно внесување железо.

Нагло слабеење

Наглото губење на килограми е една форма на физичка траума која може да предизвика слабеење на косата и нејзино опаѓање. Немате претерана причина за грижа, затоа што по губење на килограмите во периодот од шест месеци косата ќе зазрави.

Години

Не е невообичаено да видиме жена на возраст меѓу 50 и 60 години од животот со ослабена или разретчена коса. Експертите не се сигурни зошто ова се случува, но веруваат дека водечка улога имаат хормонските промени во текот на менопаузата. За среќа, истражувањета покажаа дека губењето на косата предизвикано од стареење во поголема мерка може да се спречи со правилна исхрана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top