Home / природен лек / Жените МОРА да јадат цимет – еве зошто

Жените МОРА да јадат цимет – еве зошто

Студија спроведена на Универзитетот Колумбија во Њујорк, доаѓа до заклучок дека жените со полицистични јајници, кои го конзумирале овој зачин секој ден, го урамнотежиле менструалниот циклус во рок од шест месеци, за разлика од оние кои земале пласибо. Некои од нив останале бремени во овој период!

cimet1383355427_thumb_medium490_0„Научниците веќе подолго време се обидуваат да откријат хомеопатски или природен лек за синдромот на полицистични јајници“, изјави авторот на истражувањата др. Даниел Корт, и додаде: „Со ова истражување откривме дека, еден навидум обичен зачин може да биде решение за жените кои патат од синдромот на полицистични јајници“.

Се проценува дека во светот 5-10% од жените пати од синдромот на полицистични јајници. Во Америка тој број се проценува на 5 милиони. Симптомите на овој синдром се нередовни менструации, неплодност, акни и раст на влакна по лицето.

Научниците сметаат дека циметот, освен на полицистичните јајници, може да влијае на организмот така што ќе ја подобри способноста на телото за процесирање на глукозата и инсулинот.

Во Кина, Јапонија и земјите на Далечниот Исток, жените кои не можат да останат трудни се послужуваат со цимет во праг, во половина лажичка мед, па се става на гума за џвакање, за да може правот цел ден по малку да се апсорбира во организмот. Ако не ви се допаѓа овој начин, едноставно со оваа смеса неколку пати на ден намачкајте ги непцата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top