Home / Болести и лечење / Жените ги игнорираат: Ова се првите два симптоми за рак на јајниците

Жените ги игнорираат: Ова се првите два симптоми за рак на јајниците

Овие две состојби спаѓаат меѓу најраните симптоми на оваа болест, а лесно е да им се препишат на други заболувања или различни причини.

Ракот на јајниците со децении важи за тивок убиец број еден, кога се работи за жените. Ова име не е за чудење, со оглед на тоа што неговите симптоми исто така укажуваат и на безопасни, многу чести појави.

jajnici-300x200Единствената разлика е во тоа што, кога станува збор за рак на јајниците, овие симптоми никако не поминуваат. И покрај тоа, жените се склони кон игнорирање на истите, несвесни дека посетувањето на лекар поради овие „ситници“ може да им го спаси животот.

Овие две состојби спаѓаат меѓу најраните симптоми на оваа болест, а лесно е да им се препишат на други заболувања или различни причини. Грижете се за себе, и ако забележите дека симптомите и покрај лекувањето или отстранувањето на причината не исчезнуваат после најмногу две недели, задолжително посетете лекар и изнесете го сомнежот за рак на јајниците.

Надуеност

Веројатно веќе ви е познато како изгледа надуеноста за време на ПМС, кога ќе се прејадете или ќе изедете храна која не ви одговара. Но, мора да знаете дека токму надуеноста е еден од најраните симптоми на рак на јајниците. Нивото на надуеност се разликува – може да биде мала и речиси незабележлива, додека некои жени не можат ни пантолоните да ги закопчаат. Едно нешто е сигурно – надуеноста е верен, секојдневен придружник на ова тешко заболување и тука лекарите не можат да ви помогнат.

Доколку надуеноста не ви поминува повеќе од две недели и не ви помагаат лекови како диуретици или регулатори на гасови, задолжително посетете лекар.

Внимавајте: Многу лесно можете да добиете и погрешна дијагноза, бидејќи надуеноста најчесто се поврзува со исхраната, гасовите, констипација и други гастроинтестинални проблеми, пишува порталот Cancer.about.com.

Често мокрење

Доколку имате чувство дека мокрите почесто од обично, а притоа не сте ја зголемилеконзумацијата на течности, можеби е неопходно да посетите лекар. Ова исто така е еден од раните симптоми на рак на јајниците, па е неопходен преглед на уринарниот тракт и гениталиите. Тука е и силната потреба за мокрење, а мочниот меур е всушност празен.

Внимавајте: За ваквиот симптом обично се дијагностицира инфекција на уринарниот тракт. Тоа и е најчестиот симптом токму за оваа инфекција, па веројатно прво ќе добиете антибиотик од докторот. Направете ја терапијата, а ако после тоа симптомите и понатаму ви се појавуваат, посетете и гинеколог.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top