Home / аларм / Зголем бројот на инфекции од Депилација

Зголем бројот на инфекции од Депилација

Депилацијата на интимните зони може да доведе до ширење на вируси, предупредуваат француските лекари, додавајќи дека во изминатите 10 години е забележан пораст на случаи заразени со вирусот „Molluscum contagiosum“.

depilacija-11-300x198Molluscum contagiosum се вирусни херпеси како бели, сјајни бисери кои имаат средишно јадро и врв. Обично се јавуваат на лицето и рацете, но можат да се шират насекаде по кожата со чешање или сексуален контакт.

Француските лекари истакнуваат дека поради овој вирус се повеќе луѓе бараат помош од дерматолози.

– Поради мода, но и хигиена, многумина се одлучуваат да ги средат своите интимни делови на телото, посебно младите жени, и овој тренд е се попопуларен, нагласуваат научниците, предупредувајќи дека за време на депилација сепак треба добро да се внимава бидејќи инфекциите се почести.

Истражувањето покажало дека од 2002. до 2010. година приближно 16.000 луѓе годишно во Америка завршуваат во Итна помош поради генитални повреди кои делумно настануваат и како последица на нестручна депилација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top