Home / природен лек / Зеолит – за здраво тело и силен имунитет

Зеолит – за здраво тело и силен имунитет

Зеолитот е силикатен минерал, кој во последните години го привлекува вниманието на голем број научници.

Во природата постојат повеќе од 200 типови на зеолит кои можат да бидат влакнести, кристалести и листести. Најчест и најдобар за луѓето е кристалниот – клиноптилолит. За луѓето не е токсичен, а тоа го докажале бројни лабораториски истражувања направени во многу познати светски универзитети.

zeolite-zdrav-za-site-jako-01Зеолитот во организмот е многу ефикасен, тврдат научниците кои работеле на неговото истражување. Тој во клетката внесува многу хранливи материи, а и помага и за евакуирање на штетните материи, освен за внатрешна се користи и за надворешна употреба бидејќи научниците го докажале неговото дејство над кожата. Најчесто луѓето го консумираат помешан со вода или од него прават маски кои ги нанесуваат на кожата. Тој е делотворен во забрзување на зараснувањето на раните, при надворешна употреба, а при внатрешна употреба научниците тврдат дека го подобрува имунитетот, го подобрува варењето на храната и влијае врз намалување на нивоата на шеќер во крвта. Освен ова некои од научниците тврдат дека зеолитот е добар и за регулирање на крвниот притисок, проблеми со срцето и намалувања на нивоата на триглицериди и холестерол

zeolit

Зеолитот е добар за масажа, помешан со некоја друга крема за тело ја чисти кожата, ја прави нежна мека и затегната. Се верува и дека влијае врз габичните инфекции ги отстранува и ги уништува, а особено е делотворен при третман на изгореници и други типови на повреди на кожата. Посакуваниот ефект луѓето можат да го постигнат со внимателно земање на овој минерал заедно со многу вода (до 2 литри), при што зеолитот ќе го регулира нивото на Пх во крвта и ќе започне со детоксикација на организмот.

Зеолитот е природен антиоксиданс, научниците го препорачуваат на луѓето наместо земање на синтетички мулти витамини, особено на спортистите кои трпат тежок физички напор. Истражувањата покажале дека зеолитот кај спортистите е многу делотворен, освен што ги неутрализира слободните радикали, ја подобрува и физичката издржливост.

Зеолитот е еден многу важен антиоксиданс, го чува здравјето на сите клетки во организмот, но за тоа е потребно да се почитуваат сите прописи за негово умерено консумирање. Зеолитот може да го консумираат и бремени жени бидејќи се докажало дека нема штетен ефект врз плодот.

Tocka.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top