Home / природен лек / Зелена салата против црвенила на кожата

Зелена салата против црвенила на кожата

Не само што е богата со витамини А, Ц, Е, Б1, Б2, Б3 и Б6, туку содржи и многу калциум, магнезиум, железо и бакар. Затоа искористете ги нејзините благодети и направите препарати кои во овие сончеви денови ќе го нахранат вашето лице.

marula-marulq-vilica-noj-103571-500x0Лосион од зелена салата – го ублажува црвенилото на кожата за кое е виновно сонцето. Освен тоа, познат е како “отров” за акни.

Потребно е да ги варите на ниска топлина околу час и половина листовите на овој зеленчук. Кога ќе ги процедите, фрлете ги, а добиената течност зачувајте ја.

Неа ќе ја употребите како лосион, чиј рок на траење е три дена, но важно е да ја чувате на темно и ладно место.

За сува и испукана кожа направете маска.

Доволно е неколку листови од зелената салата да ги варите во вода една минутка, да ги извадите и да ги замотате во газа. Маската ставете ја на кожата на лицето, вратот и другите делови од телото кои сакате да ги освежите.

По половина час, извадете ја облогата и измијте ја кожата со чај од камилица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top