Тим на научници покажале дека мешавина од зачини антиоксиданти може да го намали стресот на срцето и крвните садови кој доаѓа од храна со висока содржина на масти.
Кога јадеме телото ги користи јаглехидратите и ги претвора во енергија, а останатите калории ги претвора во триглицериди кои се чуваат во масните клетки за подоцнежна употреба.
Според Шила Вест, водач на студијата, откриено е дека преку додавање на зачини во висококалорично масни оброци триглицеридите се намалуваат за 30 проценти.
Во текот на студијата на група мажи со возраст од 35 до 60-ина години во храната им се додавале 2 лажички зачин. Оброците биле зачинети со рузмарин, оригано, цимет, куркума, црн пипер, лук и пиперка.
Овие зачини биле избрани бидејќи сите тие имаат силен антиоксидативни ефект. По завршувањето на оброкот антиоксидативната активност во крвта се зголемила за 13 проценти, додека инсулинот оппаднал за 20 проценти. Дополнително, треба да се знае дека високото ниво на инсулин во крвта со тек на времето може да предизвика артериосклероза.
Учесниците во студијата немале никакви проблеми со варењето на храната; зачините всушност им го дополниле оброкот, го намалиле оксидативниот стрес и ризикот од срцеви заболувања.