Американскиот онколог Дејвид Агус (48), од Универзитетската болница во Јужна Калифорнија, за германскиот таблоид „Билд” ги откри тајните за здравиот живот. Дејвид Агус тврди дека, гледано на долг рок, секое воспаление поттикнува добивање рак и заболување од срцеви проблеми.
Лекарот вели дека медицината не е наука чии сознанија се поврзани со се, но на патот кон здравјето треба да се откажеме од миксерот, да се држиме подалеку од индустриските витамини, од високите потпетици и да не се претерува со спортот…Американцот препорачува да не се спие долго во неделите, бидејќи тоа за човековото тело кое е „ роб на навиките” е стрес.
„Ако во текот на работната неделата станувате во 07 часот, а во недела во девет, тогаш на телото му треба време до среда повторно да се прилагоди и навикне на одмор“, вели докторот.
Тој, исто така, препорачува за здрав живот секогаш во исто време да се јаде.
„Дури и јаболкото, кое се јаде помеѓу оброците може да биде здраво само ако се јаде секој ден во исто време. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои не јадат секогаш во исто време, имаат за 80 отсто зголемен ризик од дијабетес“, ја изнесува својата тезата за Германците докторот, деловно познат по неговата точност и почит кон времето.
Американскиот лекар има совети и за жените.
„Отфрлете ги непријатните чевли, високите потпетици веднаш штом нозете почнат да ве болат. Во основа болката и воспалението често имаат фатални последици. Ова значи на пример, дека се зголемува ризикот од рак, срцевите проблеми и Алцхајмеровата болест“, вели Американецот.
Агус предупредува дека дури и со спорт не треба да се претерува и дека е сосема доволно да се вежба еден час на ден.
„Вежбањето е здраво, но претераното вежбање не е. Во канцеларија, станувајте од стол често колку што е можно повеќе. Движете се додека зборувате на телефонот, а ако имате состанок, организирајте прошетка“, вели Агус.
Тој советува луѓето да се држат настрана од витаминските додатоци, бидејќи жените кои земаат мултивитамини имаат за 15 отсто поголем ризик да добијат рак.
„Витаминот Д и Ц ги хранат здравите клетки, а зошто не би и канцерогените“, прашува докторот.
Доколку сте загрижени дали внесувате доволно овошје и зеленчук, Агус вели дека дури и со т.н. „здрава храна” не треба да се претерува.
„Запрашајте се, колку овошки може да влезат во една чаша и дали вашето тело навистина сака одеднаш да изеде 10 моркови. Јас не мислам дека сака“, вели докторот, кој советува лифтот да се избегнува како чума, а при тоа редовно да се пие црвено вино.
Denesen