Последните истражувања на болницата North Middlesex покажуваат дека два сексуални односи во период од еден час ја зголемуваат плодноста кај мажите.
Во истражувањето учествувале 73 парови кои се обидувале да забременат по пат на вештачко оплодување. Кога мажите кои имале плодност под просекот дале по 2 примерока сперма добиени во рок од еден час, плодноста од 6 им се зголемила на 20 проценти.
– Постојат многу дезинформации кога станува збор за мажите кои имаат потпросечна плодност и неплодните мажи. Некои дури веруваат дека треба да ја „чуваат“ спермата што се разбира е потполно погрешно. Спермата во тестисите пропаѓа, па што е посвежа толку можноста за забременување е поголема, вели Џејсон Киркман Браун специјалист за човечките репродуктивни органи.
Мажите треба да знаат и дека возењето на велосипед го намалува квалитетот на спермата поради зголемување на цитокинот. При возењето машкото тело произведува повеќе цитокин, а тој ја оштетува спермата односно го менува обликот и функцијата на сперматозоидите.