На болните од чир им годи ладно млеко
Луѓето кои имаат чир на желудникот би требало, кога имаат болки, да ја поделат дневно потребната количина на храна на неколку помали оброци.
Нивната исхрана треба да се базира на свежо и на кисело млеко, јогурт, двопек и на препечен леб, на свежо варени јајца и на природни овошни сокови. На пациентите не им се препорачува кисело тесто со квасец, животински масти, грав, краставици и кромидот. На оваа категорија луѓе не им годи ниту црниот и свеж леб, пикантните сирења и кашкавал, пржените јајца, саламите, чварките…
Кашеста храна за кила на желудник
Прво и најважно правило до кое мора да се придржуваат оние кои имаат кила на желудник гласи – три часа пред спиење не смеете ништо да јадете, ниту да пиете течности во големи количини, затоа што ве чека бессона ноќ.
Ним им се препорачува да јадат кашеста храна, затоа што на тој начин ќе го спречат нејзиното „свртување“ во вреќичката за кила, а во спротивно, таа ќе почне да ги притиска околните органи, дури и срцето.
Оризот го смирува дебелото црево
Во исхраната на пациентите со хронично воспаление на дебелото црево, би требало да доминираат продуктите варени во солена вода и прелиени со маслиново масло и со путер. Сите продукти мора да бидат свежи. Во случај на дијареа и на болни грчеви, исхраната треба да се сведе на чај и на верен ориз, без маснотии, а по два часа постепено да се воведува варен компир, младо сирење, јогурт, кисело млеко и варено младо месо, без кожа. Се препорачуваат меко варени јајца, месо варено или печено на жар, двопек.
За луѓето кои страдаат од воспалување на дебелото црево, најстрого се забранети пржени јајца, свинска маст и конзервирана храна.
Триците помагаат кај запекот
Опстипацијата или запекот е еден од најчестите здравствени проблеми на современиот човек. Освен внесување на поголеми количини тесто, се препорачува исхрана богата со житарки, црн леб, трици, суво грозје, смокви, урми, портокали, зелена салата и карфиол. Од млечни производи дозволен е само јогурт. Затоа пак, листата продукти кои треба да се избегнуваат е многу долга.