Home / природен лек / За имунитет и лечење на инфекции

За имунитет и лечење на инфекции

Основната формула на овој моќен тоник датира уште од времето на средновековна Европа, а дејствува како антибиотик кој уништува грам позитивни и грам-негативни бактерии.

lek za secer u krvi od renaИсто така е и моќна антивирусна и антигабична формула, која ја зголемува циркулацијата на крвта и лимфите во сите делови на телото. Му помага на организмот да се избори против кандида.

Пожелно е да се носат ракавици при подготовката, посебно додека ги сецкате пиперките , а и мирисот е многу јак па треба да бидете внимателни.

Состојќи:

-околу 7 дл јаболков оцет (по можност органски)

¼ чаша ситно сецкан кромид

¼ чаша ситно сечкан лук

2 ситно сецкани свежи пиперки најлутите што можете да ги најдете (внимателно чистете со ракавици!)

¼ чаша рендан ѓумбир

2 лажици рендан рен

2 лажици куркума во прав или 2 парчиња корен од куркума

Подготовка:

Измешајте ги во чинија сите состојки освен оцетот. Префрлете ги во голема стаклена тегла од литар. Наполнете ја теглата со оцет до врвот, затворете и протресете. Оставете ја теглата на суво и ладно место две недели, секој ден протресувајте, можете и повеќе пати. После 44 дена, добро измешајте и процедете ја низ цедалка а ставете и газа за цедење на оцетот. Добро истискајте ја газата за да излезе целиот сок. Остатокот од цврстата смеса може да го искористите при готвење.

Нема потреба тоникот да го држите во ладилник. Трајноста му е многу долга.

Пред земање од тоникот најдобро е да подготвите парче портокал, лимон или нешто слично и да го изедете после тоникот за да си го олесните чуството на пецкање и топлина. Идеално е лажичката тоник кратко да ја козумирате како гаргара а потоа да ја проголтата со тоа што треба да бидете внимателни бидејќи вкусот и мирисот де исклучително остри.

За јакнење на имунитетот и против настинка, да се пие по 1 лажичка на ден. Би било добро со зголемување на дозата да стигнете до една мала ракиџиска чашка дневвно. Ако се борите против тешка болест и инфекција, земете од тоникот 5-6 пати дневно по 1 лажичка. Исто така може да го користите во готвење во кујна – измешајте го со маслиново масло и користете како прелив за салата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top