Home / аларм / Во загадени градови јадете морков и немајте гајле

Во загадени градови јадете морков и немајте гајле

Испитувањата покажаа дека морковот има улога на „чистач“ во организмот од штетните материи поради лошата исхрана и поради загадената средина и зрачењето.

morkov-300x200Морковот е двегодишно растение и за исхрана се користи неговиот корен. Тој во исхраната се користи: сиров (како салата, цел, сецкан на крукчиња или рендан…), зготвен или сварен како зачин или прилог со други јадења.

Се користи и во зима бидејќи лесно се чува во фрижидер или замрзнувач. Содржи малку калории, а многу корисни состојки, добар е за диетална исхрана, но и за децата. Се препорачува добро да се измие и излупи површинскиот слој.

Содржи големо количество на влакна и дава чувство на ситост. Поради специфичната клеточна структура на овој зеленук, можеме да искористиме само 10% од бета каротенот кој го содржи.

Под дејство на топлината и малку масти, клеточната структура се распаѓа, благодарение на што можеме подобро да ги искористиме хранливите материи. Морковот содржи витамин А растворлив во масти, па би требало да се припрема со малку квалитетно масло, како што е маслиновото.

Сокот од морков е многу здрав, без разлика дали се користи сам или измешан со други сокови. Тој исто така може да се користи и како облога против некои кожни болести.

Испитувањата покажаа дека морковот има улога на „чистач“ во организмот од штетните материи поради лошата исхрана и поради загадената средина и зрачењето.

Falanga.com.au

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top