Доколку не ги чуваме на соодветно место и не ги користиме правилно големи се шансите, наместо да ни помогнат да ни наштетат.
Овие 5 предмети, кои секојдневно ги користиме, се извор на зарази. Но има начин како да се користат а при тоа да не наштетат на нашето здравје.
1. Сунѓер за туширање
Не е тајна дека тие се идеална средина за развој на бактерии и габички кои лесно можат да предизвикаат инфекција. Поради тоа, бирајте сунѓери направени од природни влакна бидејќи тие во себе содржат ензими кои го контролираат развојот и растот на бактерии. После секоја употреба добро измијте го сунѓерот, темелно исцедете ја водата од него, а кога ќе се исуши чувајте го на суво место. После 30 дена употреба, сменете го сунѓерот.
2. Освежувач на воздух
Кога од сувиот воздух ќе ви се исушат кожата и дишните патишта, освежувачот на воздух ви носи големо олеснување. Меѓутоа, ако не го одржувате правилно, тој станува расадник на разни патогени габи кои ги распрскува во воздухот. Зависно од тоа кој модел го имате, задолжително менувајте ги филтерите и водата. Никогаш немојте да ја оставате отстоената вода во освежувачот после употреба бидејќи во неа се акумулира мувла. Испразнете го апаратот целосно и наполнете го со свжеа вода непосредно пред употребата. На секои три дена исчистете го и со четка отстранете го евентуално собраниот талог.
3. Стапчиња за уши
Експертите веќе долго време предупредуваат дека „лудилото“ за чистење на восокот кој се собира во ушите отишло предалеку. Восокот ги штити чувствителните внатрешни структури на увото од нечистотии, прашина и бактерии. Според советите на лекарите, немојте да го ставате стапчето во ушниот канал бидејќи така можете да го турнете восокот подлабоко во увото. Наместо стапче, користете малку памук и чистете го исклучиво делот на самиот влез од ушниот канал.
4. Блендер
После употребата секогаш го миете својот блендер, но повеќето луѓе забораваат да го исперат најважниот дел од гумениот прстен кој го држи ножот на место. Според многу истражувања, токму тој мал дел од блендерот е еден од највалканите предмети во кујната и вистински мал расадник на бактерии како салмонела и Ешерихија коли. Запомнете дека после секоја употреба морате до крај да го расклопите блендерот и добро да го измиете ножот и „прстенот“.
5. Гумени или силиконски кујнски шпатули
Повеќето шпатули кои ги користиме при правењето на колачи имаат „глава“ која може да се одвои од рачката. Направена е на таков начин што главата можете да ја извадите после употребата. Во текот на подготовката во неа навлегува храна, се таложи и се создава бактериски слој. Поради тоа, после правењето колачи никако немојте да заборавите да ја одвоите рачката од главата и посебно убаво да ги измиете.