Home / аларм / Вирусот кој за пет години може да го уништи човештвото

Вирусот кој за пет години може да го уништи човештвото

Главоболка, висока температура, болки во зглобовите, болка во желудникот и повраќање се симптоми кои се појавуваат од еднаш.

lab2.jpg-300x198Како напредува болеста, кај болните се развива големо подрачје покриено со модринки, лесно може да дојде до неконтролирано крварење. Што е уште полошо, на пациентите им откажувале бубрезите, потенцијално смртоносна компликација која досега не била забележана. Во најмалку една третина од случаите треската е смртоносна.

Болеста е широко распространета меѓу домашните и дивите животни во Африка и Азија, а сега ја преминала бариерата и од нејзе заболуваат луѓе, пишува “Дејли Мејл“.

Првата жртва од оваа болест е 38-годишен жител на Шкотска кој починал по патувањето на венчавката на неговиот брат во Авганистан. Забележани се случаи на заболени и во Британија.

Еден 49-годишен маж минатиот месец бил хоспитализиран во Лондон. Имал висока температура со отежнато дишење и силна кашлица. Сите симптоми укажувале на смртоносниот вирус Сарс, вирус кој убил скоро илјада луѓе во 2003 година. Но, тестовите на крвта покажале дека не станува збор за Сарс, туку од вирус досега непознат на медицинската наука.

Пациент заболел откако патувал во Катар. Болниот бил ставен под карантин и приклучен на апарати за одржување во живот, а примероци од ткиво брзо биле испратени на анализа. Резултатите биле зачудувачки. Вирусот му припаѓа на истото семејство како и Сарс. Освен една голема разлика, не потекнува од луѓето, туку од животните.

Со детална истрага било откриено дека претходно во јули, од истиот мистериозен вирус починал 60-годишен маж од Саудиска Арабија. Кога надлежите институции минатиот месец го предупредиле светот од новооткриениот вирус, меѓу експертите завладеал голем страв.

Може ли тоа да биде нова форма на птичји грип, или дури шпански грип- најголемата пандемија во светската историја, која убила помеѓу 50 и 100 милиони луѓе ширум светот во период од 1918. до 1919 година?

За сите случаи е карактеристично тоа што вирусот преминал од животните на луѓето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top