Постојат одредени положби кај детето, кои би можеле да му пречат во неговиот развој. Експертите од институтот Pediatric Therapy Center дошле до заклучок дека оваа популарна поза кај децата што седат на подот не е добра за нивното здравје.
Се работи за седење на подот, во која детето ја држи секоја нова од страната на телото со свиткани колена, образувајќи ја буквата W со нозете.
Децата што седат во таква положба и после две годинки, постои опасност да не можат да ја развијат основната сила на телото и рамнотежата, што се потребни за одредени моторички способности на телото, како што се скокање и трчање.
Тоа може да предизвика недоволно развиени мускули во колковите и глуждовите, а може да доведе и до дислокација на колковите.