Акупресурата е неверојатно ефикасен метод, кој е најефикасен кај главоболки, болки во вратот и рамената.
Следете ги движењата од снимката и погледнете кои точки се клучни за главоболка.
Ставете ги палецот и показалецот на вратот и како на видеото влечете кон горе, а кога ќе дојдете до природната вдлабнатина во која прстите ќе паднат, значи дека ги пронајдовте вистинските точки.
Запамтете дека никогаш не треба да ги масирате директно пршлените, туку само странично.
Уште поважната точка се наоѓа на дланката помеѓу палецот и показалецот.