Home / сведоштва / ВИДЕО: Хунзите открија кое овошје е нивната тајна за долговечност

ВИДЕО: Хунзите открија кое овошје е нивната тајна за долговечност

Народот на Хунзите живее  на планините во северен Пакистан. Ги има околу 87 000, а посебни се по тоа што живеат просечно сто години, но многумина од нив без проблем доживуваат и 120.

Поединци живееле и 160 години. Ретко се болни, не знаат што е тумор, имаат младешки изглед, а нивните жени раѓаат и со 65 години.

hunzi ovosjeТие се жив доказ како исхраната  и начинот на живот влијаат врз луѓето. Хунзите се бањаат во студена вода, дури и ако температурите се под нула. Го јадат само она што самите ќе го посадат. Се хранат со сирово овошје и зеленчук, јаткасти плодови, јадат многу суви кајсии, разни житарки (најчесто хељда и јачмен), поретко конзумираат овчо сирење, млеко и јајца.

За нив нема ужина, само појадок  и ручек. Многу пешачат,  дури 15 до 20 километри на ден. Месо ретко јадат, два пати во годината ќе изедат малку пилешко или јагнешко место. Исто така, многу се смеат.

Еден дел од годината во траење помеѓу две и четири месеци не јадат ништо туку само пијат сок од сушени кајсии. Тоа кај нив е традиција која строго ја почитуваат, а се случува во дел од годината кога овошјето се уште не е созреано. Лекарите велат дека токму начинот на нивната исхрана и периодот на гладување се заслужни за доброто здравје и долговечност.

Имено, навиката за конзумирање на големи количини на кајсии е заслужна за заштита од тумор. Семките од кајсија се богати со Б-17 витамина кој делува антиканцерогено, а тие од семките прават масло. Но станува збор за исклучително мали дози, кои може да бидат опасни по живот доколку се претера.

Таму е дури работа на престиж кое семејство има повеќе стебла кајсии на своја земја.

Овој темпераментен  и издржлив народ  за себе вели дека се потомци на Александар Велики и неговата војска. Некои до нив во време на освојувањето останале во своите села и се ожениле. Медиумите во 1984 година пишуваа за Саид Абдула Мобуда од народот Хунзи кој дошол на лондонскиот аеродром и ги збунил службениците покажувајќи им го пасошот. Во него пишуваше дека е роден  во 1832 година.

Kurir.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top