Home / Болести и лечење / Ве боли грлото – болката може да доаѓа и од друго место

Ве боли грлото – болката може да доаѓа и од друго место

Британскиот оториноларинголог Нил Батеман објаснува дека проблемите со кои се создава слуз или хрема понекогаш е тешко да се дијагностицираат и лекуваат . Симптомите честопати се припишуваат на синуси, а се лекуваат со разли спрејови за нос.

grloНо, што ако овие симптоми всушност, немаат ништо заедничко со синусите ? Тоа е сосема можно, ако не се следат другите клучни симптоми како што се затнат нос или постојано течење на носот. Најдобар начин со сигурност да се утврди дали страдате од воспаление на синусите или не е преглед од лекар. Сепак, еве неколку начини како да проверите дали сте настинати или треба да посетите оториноларинголог.

Киселини

Чувството дека понекогаш имате нешто залепено на задниот дел на грлото кое може да предизвика повраќање на желудечната течности или киселини е сигнал дека треба да се посети специјалист кој ќе провери по пат на ендоскопија. Ако проблемот предизвикува желудечна киселина, наједноставен е третман со средствата со кои се намалува киселината пред и после јадење.

Олеснување на симптомите

Кај некои пациенти очигледен пример на течење на нос не може да се идентификува. Во овој случај, единственото нешто што останува е да се фокусирате на олеснување на симптомите како што е пиење многу вода бидејќи дехидратацијата може да ги ги направи слините уште понепријатни. Ако е можно, не го прочистувајте грлото со кашлање, бидејќи во некои случаи тоа ја влошува ситуацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top