Home / аларм / ВАЖНИ ПРЕПОРАКИ: Како да ја одржувате хигиената за превенција од појава на заразни заболувања

ВАЖНИ ПРЕПОРАКИ: Како да ја одржувате хигиената за превенција од појава на заразни заболувања

Министерството за здравство и релевантните здравствени установи, Институт за јавно здравје и Центар за јавно здравје-Скопје извршија санитарно-хигиенски увиди на загрозените подрачја од поплавата во скопскиот регион (Ченто, Сингелиќ-Економија, Сингелиќ, Црешево, Стајковци и Смилковци).

За превенција на појава на заразни заболувања се дадени следниве препораки:

poplavi555Да се користат водоотпорни ракавици, гумени чизми, заштитни очила и маски за лице при чистење на куќите.
Темелно чистење на мувлата и калта со топла вода и детергент. Кај мувли со поголем интензитет да се побара помош од стручно лице, а почистењетоѕидови во куќите дасебојадисаат со вар. Облека која била во контакт со вода од поплавата да се испере одделно од другата облека, со детергент и со топла вода (70° С). Да се фрлат предметите кои биле во контакт со вода од поплавите (на пр. играчки, кујнски предмети, предмети од домаќинствата, мебел, теписи и оштетен под(паркет, ламинат и бродски дрвен под) или доколку нема поголеми оштетувања истите да се исчистат со топла вода (70° С) и со детергент.
Ѓубрето да се фрла во канти или пластични кеси за ѓубре и исклучиво во контејнери кои се наменети за таа цел.
Детскиот и човечки измет брзо и внимателно да се отстрани. Во случај системот за канализацијада не е во функција, да се користат канти, хемиски тоалети или полски тоалети.
Самостојно не е дозволиво да се отстрануваат умрени животни, туку да се повика ветеринарна служба да го направи тоа.
Заштита од комарци со употреба на спреј против инсекти(репеленти) и со носење светла облека, кошули со долги ракави и панталони со долги ногавици, а на прозорците од домовите да се постават заштитни мрежи против комарци.
Да се отстранизастоената вода од различни садови, саксии за цвеќе и стари гуми во областите каде што се размножуваат комарците.

Остануваат основните препораки за пиење безбедна вода, хигиена на рацетесо сапун по секое чистење, пред подготовка на храната, пред јадење, после доаѓање во допир со детски измет и по одење во тоалет. Да не се користи храна која била во допир со вода од поплавите и истата да не се консумира доколку не била во фрижидер или замрзнувач ако струјата е исклучена. Секоја варена храна и намирници кои можат да се расипат задолжително да се чуваат во фрижидер (пожелно е да се чуваат на температури под 5°С), и истата мора да биде добро термички обработена (приготвена на температура поголема од 70°С).

Во случај на здравствени проблеми особено појава на пролив и повраќање, зголемена температура и/или кожни промени да побараат медицинска помош во најблиска здравствена установа.Јавните здравствени установи се во мобилна состојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top