Бактериите во желудникот се многу честа појава кај луѓето. Нивното лекување е долго и тешко и поради тоа медицината користи разни силни антибиотици. Во оваа прилика ви претставуваме еден лек за кој многу луѓе јавно кажуваат дека навистина им помогнал.
Смоквите заедно со маслиново масло се вистински природен лек за борба против бактериите во желудникот.
Притоа, подготовката на лекот кој ќе ви помогне да се ослободите од бактериите е многу едноставна.
Во стаклено шише или поголема тегла ставете 40 суви смокви и прелијте ги со непреработено маслиново масло.
За подобро испуштање на лековитите материи во маслото, смоквите може да ги пресечете на четири дела. Затворете ја теглата или шишето во кое сте ги ставиле смоквите и маслото и оставете ги да стојат 40 дена.
По изминувањето на тој период, секое утро на празен стомак земајте по една смоква и една лажичка од маслиновиот зејтин во кој стоеле смоквите.
За да биде лекувањето побрзо и поделотворно, усогласете ја својата исхрана со лекувањето. Јадете исклучиво блага храна без премногу зачини, особено, лути. Не јадете кисело, а избегнувајте мрсно месо и сувомеснати производи.
Освен за лекување на желудникот, смоквите имаат одлично влијание и врз други болести меѓу кои и хемороиди, цревни заболувања, запек, бронхитис, астма, неплодност и други болести.